Мануил I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Infobox royalty|monarch
|name =Мануил I КомнинЈован II Комнин<br />Μανουήλ Α' Κομνηνός
|title =[[Византиски владетели|Император]] на [[Источно римско царство|Источното римско царство]]
|image =manuelcomnenus.jpg
Ред 23:
|place of burial =
|}}
'''Мануил I Комнeн''' ([[грчки јазик|грчки]]: Μανουήλ Α' Κομνηνός, 28 ноември 1118- 24 септември 1180) бил [[Источно римско царство|византиски]] [[Византиски цареви|император]] од династијата [[Комнини]] кој владеел од 1143 до 1180 година.. За време на своето владеење, како и [[Јустинијан I]] се обидел да ги освои деловите на бившото [[Западно римско царство]].<ref name="N112-113">J. Norwich, ''Byzantium: The Decline and Fall'', 112-113</ref> За таа цел извршил инвазијата врз денешна јужна [[Италија]]. Заедно со [[Папска држава|Папската држава]] и со [[Крстоносци|крстоносците]] заеднички го нападнале [[Фатимидски калифат|фатимидскиот]] [[Египет]]. На [[Балкан|Балканскиот полуостров]], тој успеал да ги потисне на унгарските граници и да се движи на север до Дунав и Драва.
 
Желен да го обнови неговото Царство на неговата мината слава како супермоќ во [[Средоземно Море|Средоземниот]] свет, Мануил водел енергична и амбициозна надворешна политика. Во тој процес тој направил сојуз со [[Папа]]та [[Папа Адријан IV|Адријан IV]] и заживеаниот Запад, го нападнал [[Нормани|норманското]] [[Кралство Сицилија]], иако неуспешно, умешно го раководел преминот на крстоносците од [[Втора крстоносна војна|Втората крстоносна војна]] низ неговото Царство, и воспоставил византиски протекторат над прекуморските [[крстоносни држави]]. Соочувајќи се со [[Муслимани|муслиманските]] напредувања во [[Света земја|Светата земја]], тој имал заедничка цел со [[Ерусалимско кралство|Кралството Ерусалим]] и учествувал во заедничката инвазија на [[Фатимидски калифат|Фатимидскиот]] [[Египет]]. Мануил ја преобликувал политичката карта на [[Балкан]]от и источното Средоземје, ставајќи ги [[Кралство Унгарија|Унгарија]] и крстоносните држави под византиска хегемонија и вршел агресивни кампањи против неговите соседи на запад и исток. Сепак, кон крајот на неговото владеење достигнувањата на Мануил на истокот биле загрозени поради сериозниот пораз во [[Битка кај Мириокефалон|битката кај Мириокефалон]], која во голем дел резултирала поради неговата арогантност кога ги нападнал добро бранетите [[Румски султанат|селџучки]] позиции. Иако Византијците се повратиле кај [[Битка кај Хиелион и Лемошеир|битката кај Хиелион и Лемошеир]] и Мануил склучил поволен мир со султанот [[Килиџ Арслан II]], Мириокефалон се покажал како конечниот, неуспешен обид на Царството да ја поврати внатрешноста на [[Анадолија]] од [[Селџуци|Турците]].
На крајот од неговото владеење доживеал тежок пораз на војската на Турците Селџуци во битката кај Мириокефалон (во 1176 год.) која, според својата важност и исходот, често пати се споредува со [[Битка кај Манцикерт|битката кај Манцикерт]] (во 1071 год.) во која бил победен и заробен византискиот цар [[Роман IV Диоген]] (1068-1071).
 
По смртта Мануил бил наследен од неговиот син Алексиј (1180-1183), но набрзо потоа [[Византија]] била зафатена од граѓанска војна која на крајот довела до мешање со крстоносците и првиот [[Опсада на Константинопол (1204)|пад на Цариград]] и на падот на [[Византија]] во 1204 години.
 
==Внатрешна политика==
===Западното влијание и татковата политика===
Постарите синови на [[Јован II Комнин|Јован]], Алексиј и Андроник, умреле од епидемија уште во [[1042]]г. Според неговата последна желба, царска круна ја наследил четвртиот и најмлад син Мануил. Мануил I се истакнал како владетел со големи и многукратни способности. Бил храбар војсководец и уште повешт димпомат и државник со смели и далекусежни идеи. Тој бил вистински [[Ромеи|Византиец]], проникнат од идејата на универзалното царство и со страста за теолошки дискусии, а воедно бил и витез од западен ков. Мануил претставувал нов тип [[Источно римско царство|византиски]] владетел. Од него се гледало колку силно дејствувал на византискиот живот допирот со [[крстоносци]]те. Мануил ги сакал западните обичаи и ги воведувал на својот двор, а и двата негови браќа со западните принцези придонесле за продирањето на западните навики во Византија. Во [[Влахерна (палата)|Влахернскиот дворед]], дворецот на [[Комнини]], завладеала лесна и ведра атмосфера. Ја немало веќе познатата источна величенствена церемонијална притеснетост којашто некогаш ги опкружувала византиските цареви на [[Голем дворец (Цариград)|Големиот дворец]] на [[Златен Рог|Златниот Рог]], туку се одомаќила нова витешка елеганција од западен тип. Приредувани биле витешки турнири во кои учествувал и самиот цар што на Византијците претставувало необична и непријатна глетка. Странците од Запад играле се поголема улога во Царството и заземале високи позиции, на големо незадоволство на неговото население.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 457.</ref>
 
Несомнено, личните склоности на Мануил влијаеле на неговата политика. Во својот занес тој се впуштал во пресмели потфати, какви што неговиот татко знаел мудро да ги избегне, но тоа не значи дека може да се говори за начелна спротивност меѓу западната ориентација на неговата политика и политиката на Јован II, претежно ориентирана спрема Исток. Во центарот на вниманието се наоѓал византиско-норманскиот антагонизам и од промената на самата политичка ситуација и од реалниот однос на силите било условено тоа што Јован II на тој проблем му пришол од [[Кнежевство Антиохија|антиохиска]], а Мануил од [[Кралство Сицилија|италијанската]] страна. Мануиловата западна ориентација не била плод на неговиот карактер туку нужност којашто му ја наметнал развојот на настаните на самиот Запад. Почнала епохата кога државите групирани околу [[Средоземно Море|Средоземното Море]] воделе општа [[Европа|европска]] политика. Како медитеранска сила Византија не можела да остане настрана. Мануил активно се вмешал во таа политика, истакнувајќи ги, во согласнот со византиските традиции, универзалните претензии на своето Царство. Желбата за воспоставување светско владеење била прастар стремеж на Византијците која ниту на внимателниот цар Јован II не му била туѓа. Во суштина на Мануиловата програма не се разликувала од Јовановата. Нивните крајни цели биле исти. Судбоносната грешка на Мануил било тоа што тој претерал и преминал од желба на дело, не водејќи сметка за реалните можности.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 457-458.</ref>
==Надворешна политика==
 
==Воени походи==