Константин IV: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
== Управување ==
 
Константин е син на императорот [[Констанс II Ираклиј]], кој бил убиен во 668 година во Сиракуза. По убиството на неговиот татко, сицилијските војници го прогласиле за император [[Мизизиј]]. Кога Константин IV дознал за тоа во главниот град, тој пристигнал со голема флота во [[Сицилија]] и го казнил узурпаторот и убијците на својот татко, по кое се вратил во [[Константинопол]], каде управувал со своите браќа Тибериј и Хераклит <ref>Теофан, 660</ref>.
 
===Војна со Арапите ===
Ред 26:
===Војна со Бугарите===
 
Во меѓувреме, европските територии на империјата биле нападнати во крајот на 70-тите години од страна на [[Прабугари]]те кои ја напуштиле својата поранешна држава, притиснати од [[Хазари]]те, и биле пуштени да се населат околу делтата на [[Дунав]] од [[Византија]]. Во пролетта на [[680]] година Константин IV организирал голем поход и се упатил против нив на север од [[Дунав]]. Пред решавачкиот напад на бугарската фортификација, императорот решил да ја остави командата на генералите, а тој самиот се повлекол кон [[Бургас]] или [[Несебар]]<ref>http://www.burgas1.org/e107_plugins1/forum/forum_viewtopic.php?14</ref><ref>http://www.dnevnik.bg/morski/2008/09/25/554606_gradut_s_topli_izvori/</ref>, под изговор дека ќе се лекува во топлите бањи. Вистинските причини за оваа постапка не се познати, но во меѓувреме гласините дека императорот ја напуштил армијата започнале да се шират меѓу војниците, кои го изгубиле својот борбен дух по кое бугрските сили ги поразиле на византиските.
 
Како резултат на битката, Византиската империја ја изгубила придунавската област Долна [[Мизија]], каде трајно се населиле Бугарите, согласно склучениот потоа мировен договор, кој го обврзувал Константин IV да ја признае бугарската држава во Мизија и да плаќа данок.
Ред 34:
Константин не војувал во последните години и продолжил да се занимава со црковните дела. Уште во ноември [[680]] година тој го свикал во [[Константинопол]] [[Шести вселенски собор|Шестиот Вселенски Собор]], на кој биле потврдени догмите на предните пет соборот. Освен тоа, на соборот било забрането и монотелизмот.
 
На крајот од владеењето, Константин бил принуден да ја потиснува опозицијата меѓу најблиските кругови од неговото опкружување: во 681 ги лишува браќата Хераклит и Тибериј од титулите августи, по што наредил нивните носеви да бидат отсечени (влијание на сасанидските традиции), на тој начин ја фокусирал силата на главниот император - автократор. Потоа царува заедно со неговиот син [[Јустинијан II]]<ref>Теофан, 673</ref>. Во септември 685 Константин IV починал од дизентерија.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}