Константин IV: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
 
Уште во 60-тите години поголемиот дел од териториите на централна, јужна и југозападна Мала Азија биле окупирани од Арапите. Во 669 година тие започнале со првата опсада на Цариград, приближувајќи се повеќе во обид за освојување на градот но без сериозни подготовки. Византиските војници успеале за многу краток период да ги принудат на муслиманите да се повлечат. Но периодот од 669 до 674 година поминал во напорна подготовка на Арапите за поголем опсада на Цариград. Подготвителни активности се вршИЛЕ и од византиската влада.
 
Во 670 година Арапите го зазеле градот Кизик на малоазискиот брег на Мраморното Море, а во 672 година - Смирна. Меѓу 674 и 678 година Константинопол бил опколен од арапски трупи. Вкупно арапските армии бројат над 100,000 војници и голема флота. Нападите против градот се воделе во пролет, лето и есен, а во зима арапските бродови се повлекувале кон Кизик.
 
Недостатокот на конзистентност при нападите на тврдината (војниците од одделните области на Арапскиот калифат во ниеден момент на опсадата не презеле заеднички напад врз градот), слободата за напад на византиската флота, можностите за снабдување на градот со жито од Словените во текот на зимата и, особено важно - примената на грчкиот оган, измислен од сириецот Калиникос против арапските бродови, како и организаторски способности и воениот талент на Константин IV, претставувале главните причини за неуспехот на опсадата.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}