Констанс II Ираклиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Констанс II Ираклиј''' ([[грчки]]: ''Κώνστας Β', Kōnstas II''), ({{роден на|7|ноември|630}} во {{роден во|Константинопол}} - {{починал на|16|септрмври|668}}) бил византиски император кој владеел во периодот од 641 до 688 година. Тој бил син на Константин III и внук на Ираклиј.
 
Родено име на Констанс II е Ираклиј (Heraclius). Кога во [[641]] година го прогласиле како совладетел, народот му го избрал името Константин и дури подоцна управувал под тоа име, но во историографијата останал познат под името Констас (Констанца, Константи), т.е "''помалиот (најмладиот) Константин".'' Прекарот Погонат (гр. "''Брада''") во подоцнежните времиња неправилно било утврдено за неговиот син [[Константин IV Погонат]], макар да се однесува токму за Констанс II.
 
КонстантиКонстанс II дошол на власт по отстранувањето на Мартина, внука и втора жена на Ираклиј, која била мајка на [[Ираклеон]] (Ираклиј II), а потоа и на самиот му роднина. Двајцата биле осакатени и по наредба на Валентин Аршакуни.
 
== Управување ==
Констанца II води активна, но не многу упатно надворешна политика. Управувањето му се одликува со тешки борби за опстанок на империјата пред арапската експанзија, како и со серија на религиозни спорови.
 
===Војни со Арапите===
 
Во 40-тите и 50-тите години на векот Арапите започнале инванзија кон Северна Африка и Мала Азија каде византиската власт изгубила голем број на територии. Последните византиски територии во Египет биче изгубени во корист Арапскиот калифат уште во 642 година, кога била заземена Александрија. Во 645 година византиската флота ја нападнала и вратила Александрија, но тие успеале да се задржат таму само околу една година пред Арапите да го заземат градот повторно.
 
Земјите во Мала Азија речиси секоја година биле напаѓани од арапски армии. Азиските провинции на империјата се здобиле со големи опустошувања како резултат на арапската офанзива во Ерменија и Кападокија (647), Фригија (648), Киликија (650). Во 649 година Кипар, Крит и други острови биле нападнати од арапски бродови. Во 654 година Родос бил ограбен од Арапите, а во 655 година царската флота предводена од самиот Констанс била поразена крај бреговите на Ликија. По поразот императорот едвај си го спасил животот, успевајќи да побегне. Започнатата во големи размери инвазија на Арапите кон Константинопол било спречено исклучиво како резултат на верските борби во калифатот во 656 година. Ова им помагнало на Византијците привремено да ја обрнат ситуацијата во своја корист. Примирјето со Арапите било склучено во 659 година, но тоа траело само неколку години (до 662 година).
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}