Константин IX Мономах: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox royalty |император |name =Константин IX |full name =Константин IX Мономах<br />Κωνστα...
 
Ред 53:
 
Со опаѓањето на домашната војска, одново поголемо значење добивала наемничката војска. Со тоа Византија се враќала на приликите од времето на [[Ираклиј I|Ираклиј]], и како тогаш [[Готи]]те, сега [[Нормани]]те го чинеле најмоќниот елемент во нејзината војска. Дури и на [[Сицилија]], под знамињата на Георгиј Манијакис, војувала познатата варего-руска дружина. Варезите ја сочинувале царската гарда, но тие веќе не доаѓале од [[Киевска Русија|Русија]], како во времето на [[Василиј II]], туку особено од седумдесетите години на [[XI век]], пристигнуваат во поголем дел од [[Кралство Англија|Англија]], такашто местото на варего-руската го заземала варего-англиската гарда. На друга страна, некогаш славните стари византиски гардиски полкови го загубиле своето значење и постепено целосно исчезнале.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 399-400.</ref>
 
===Судирот со Георгиј Манијакис===
Подвизите на Георгиј Манијакис на [[Сицилија]] биле последната светла точка на [[Источно римско царство|византискиот]] хоризонт кој од сите страни се замрачувал. Како да сакал да ја изврши последната волја на [[Василиј II]], Георгиј Манијакис си ставил за задача Сицилија да ја врати на Царството. Силите на [[Арапи|Арабјаните]] во Сицилија биле во опаѓање, па Георгиј Манијакис успеал за кратко време да им го одземе источниот дел од островот со [[Месина]] и [[Сиракуза]]. Но сите негови успеси биле засомничени со недоверба и неверица од [[цариград]]ската влада. Во одлучувачкиот миг Константин IX го сменил војсководецот-победител. Георгиј Манијакис ја прифатил борбата. Неговата го прогласила за цар и тој се истоварил во [[Драч]] и од таму тргнал кон [[Солун]]. Неговата победа се чинела сигурна, а според тоа и промената на политичкиот курс во Византија. Но тој загинал, погоден од стрела, во една битка којашто речиси била добиена ([[1043]]г.).<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 400.</ref>
 
===Ново узурпаторство===
Неколку години подоцна дошло до нов обид за узурпација, овојпат во "[[Македонија (тема)|македонската област]]", т.е. во северозападна [[Тракија]]. За цар бил прогласен Лав Торникис, кој се чини бил од [[Ерменци|ерменско]] потекло, но се природил со [[балкан]]ската земја. Псел го нарекол водач на "македонската странка". На незадоволството на војската од антимилитаристичкиот режим на чиновничката странка му се придружил и отпорот на провинцијата против цариградскиот централизам. Бунтот на Торнакис добил уште поголем замав отколку оној на Манијакис. [[Цариград]] бил опседнат и неговото паѓање се чинело неизбежно ([[1047]]г.). Меѓутоа, владата на Константин IX, ја спасила неодлучноста на узурпаторот којшто го испуштил погодниот момент за јуриш на Цариград.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 400-401.</ref>
 
==Надворешна политика==
===Општа ситуација===
Систематското ограничување на војската, коешто го спроведувала цариградската влада, делумно се објаснува со тоа што по големите победи од претходниот период, позицијата на [[Источно римско царство|Царството]] се чинела сигурна. Успешните походи на Георгиј Манијакис на Исток и [[Сицилија]] уште еднаш ја докажале надмоќта на Византиското царство спрема Арабјаните. Константин IX можел да ја продолжи политиката на [[Василиј II]] во [[Ерменија]] и да спроведе анексија на кралството на градот [[Ани]]. Меѓутоа, веќе се приближувал крајот на среќниот период на мир. Силата на дотогашните непријатели на Византија била исцрпена, но сега на византиските граници се појавиле нови воинствени противници. Не само што се сменила општата ситуација туку се смениле и главните чинители на византиската надворешна политика. Местото на Арабјаните на исток го заземе [[Турци Селџуци|Турците-Селџуци]], на запад [[Нормани]]те, а на север наместо [[Бугари]]те и [[Киевска Русија|Русите]], се појавиле номадските племиња на [[Печенези]]те, [[Узи]]те и [[Кумани]]те. Русите последен пат во [[1043]]г. извршиле напад на Византија. По продирањето на номадските племиња и поместувањето на тежиштето на руската држава на североисток, Русите престануваат за подолг период да влијаат врз византиската политика. Меѓутоа во [[1048]]г. преку [[Дунав]] преминуваат Печенезите.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 401.</ref>
 
===Односот со Печенезите===
Уште [[Константин Порфирогенит]] во својот надворешно-политички трактат го истакнувал значењето на [[Печенези]]те во [[Источно римско царство|византиската]] политика. Тие му служеле на Царството како сојузници против неговите непријатели на север, бидејќи можеле од грб да ги напаѓаат [[Прво бугарско царство|Бугарите]] и [[Унгарци|Угрите]] и спрема југ да им го пресечат патот на [[Киевска Русија|Русите]]. Поради тоа соработката со ова воинствено племе била значаен чинител во византиската надворешна политика во [[X век]]. По покорувањето на Бугарија положбата од основа се изменила. Византиската територија допирала до [[Дунав]] такашто упаѓањата на Печенезите повеќе не ги погаѓале непријателите на Византија, туку самата неа. Ослабената Византија не била во состојва да ги запре ордите номади коишто преминувале преку Дунав. Царската влада им одредила земја за населување на [[балкан]]ската територија и се обидела да ги искористи како помошна војска за одбрана на своите северни граници. Меѓутоа, Печенезите почнале набрзо да ја ограбуваат и пустошат околната територија па Византија морала против нив да употреби оружена сила. Судирите против Печенезите редовно завршувале со пораз на царската војска и царската влада била принудена да го откупува мирот со доделување нова земја за населување, со подароци и со давање почесни титули на поглаварите на Печенезите.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 401-402.</ref>
 
===Големата шизма===
Последната година од слабото владеење на Константин IX Мономах била одбележана со настанот од светскотоисториско значење. Со [[Големата Шизма|Расцепот на Црквата]]. После се што се збиднало во текот на последните векови расцепот меѓу [[Папска држава|Рим]] и [[Цариградска патријаршија|Цариград]] бил само прашање на време. Патиштата по коишто оделе Истокот и Западот премногу разидувале, спротивностите меѓу овие два светски центра биле премногу големи и длабоки да за може фикцијата за духовната и верска заедница и понатаму да се одржува.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 402.</ref>
 
Тоа се збиднало под особени околности - кога столот на [[Свети Петар|св. Петар]] го заземал [[Папа Лав IX|Лав IX]], типичен претставник на [[Клиниеско движење|клиниеското движење]], со цариграската патријаршија раководел [[Михаил I Цариградски|Михаил Керулариј]], најенергичниот и најамбициозниот политичар во византиската историја, и кога власта се наоѓала во кревките раце на Константин IX Мономах кој бил немоќен да му се спротистави на неизбежниот расплет.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 404.</ref>
 
Борбата влегла во завршната фаза и најдраматичната фаза кога во Цариград стигнало римско пратеништво под водство на кардиналот Хумберт. Охрабрени од ставот на Константин IX, кој бил за пријателството со Рим, бил готов да го жртвува својот патријарх. Папските легати на 16 јули 1054г. ставиле на олтарот на Света Софија була со која се фрла проклетство на Керулариј и на неговите најугледни приврзаници. Меѓутоа, потпирајќи се на подршката на свештенството и народот, патријархот успеал да го разубеди слабиот владетел и да му ја наметне својата волја. Со согласност на царот, Керуларија одржал собор којшто од своја страна фрлил анатема на римските легати.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 405.</ref>
 
==Смрт==
Константин IX Мономах умрел на [[11 јануари]] [[1055]] година. Власта уште еднаш ја презела царицата [[Теодора Порфирогенита|Теодора]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.</ref>
 
== Наводи ==