Василиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 71:
===Тематско уредување на Балканот===
Со покорувањето на [[Самоилово царство|Самоиловото царство]], [[Источно римско царство|Византија]] одново завладеала со целиот [[Балкан|Балкански Полуостров]], првпат по [[Словени|словенското]] преселување. Станувајќи составен дел на Византиското царство, територијата на бившото Самоилово царство, како и секоја византиска територија, било поделено на [[Тема (византиска административна единица)|теми]]. Нејзиниот централен дел ја образувал големата тематска единица кој била наречена тема [[Бугарија (тема)|Бугарија]]. Средиштето на оваа голема тема, која добила ранг на катепанат, а потоа и ранг на дукат, било во [[Скопје]]. Во [[Бугарија|бугарските]] територии меѓу [[Стара Планина]] и [[Дунав]] била формирана темата [[Паристрион (тема)|Паристрион]] или Пардунавон со центар со [[Силистра|Силистрија]]. Се чини дека и пограничната област на Дунав и [[Сава]] биле претворени во тема со седиште во [[Сремска Митровица|Сирмиум]]. [[Јадранско Море|Јадранскиот]] брег со [[Задар]] на север и [[Дубровник]] на југ ја сочинувал, како и порано темата [[Далмација (тема)|Далмација]]. Напротив, [[Дукља]], [[Захумље]], [[Рашка]] и [[Босна (регион)|Босна]] не биле организирани како теми, туку како и [[Хрватска]], останале под власта на домашните кнезови и според тоа не претставувале провинции, туку вазалски држави на Византиското царство. Областа јужно од [[Скадар]], како и порано, и припаѓала на темата [[Драч (тема)|Драч]], која како главно упориште на Царството на Јадранот, добила ранг на дукат, како што добила и [[Солун (тема)|Солунската тема]], главното византиско упориште на [[Егејско Море|Егејското Море]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 374-377.</ref>
 
===Статус на охридската црква===
[[Охридска архиепископија|Охридската патријаршија]] биле претворена во [[архиепископија]], но новата архиепископија добила автокефалност и нејзе и биле потчинети сите епископии од териториитена бившото [[Самоилово царство]]. Охридската архиепископија не била зависна од [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]], но за тоа му била потчинета на самиот цар, бидејќи царот го задржал за себе правото за поставување на охридски архиепископ. Автокефалниот охридски архиепископ во византиската црковна хиерархија добил повисок ранг од останатите архиепископии, што и биле потчинети на Цариградската патријаршија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 373.</ref>
 
==Надворешна политика==