Зенон (цар): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
Зенон бил активен и енергичен владетел, но неговото управување било отежнато од чести немири и верски несогласувања. Тој се обидел да ги контролира остатоците од Римската империја на запад и во исто време придонел многу за стабилизирање на Истокот, иако тоа чинело многу.
 
== Рани години ==
 
По потекло Зенон бил исавриец, со вистинско име Тарасикодиса (Tarasicodissa, односно "Тарасис, син на Кодиса"), водач на планинско полунезависимо племе од областа Исаврија, северна Сирија. Татко му се викал Кодиса (Kodisa), а неговата мајка Лалис. Поголемиот брат на Зенон бил Флавиј Лонгин, кој бил конзул во 486 година.
 
Тарасис бил оженет за [[Аркадија]], од цариградската аристократија. Според легендата имале две ќерки, Хиларија и Таопеста, кои биле посветени на христијанскиот живот. Веројатно бил роднина на исавријския војсководец Флавиј Зенон (конзул во 448 година). Зенон и Аркадија живееле од средината на 460-те години во [[Константинопол]].
 
Императорот Лав I Тракиецот решил да ја зголеми улогата на исавриците како начин за спротиставување на силната фракција на Готите. Лав I го забележил Тарасикодиса, откако во ококу 464 година тој му покажал 466 документи кои го направиле [[Ардабур]], синот на војсководец Аспар осомничен дека подготвува државен удар.
 
Лав го повикал Тарасикодиса во [[Константинопол]], за да го направи еден од главните војводи во борбата против [[Готи]]те. Потоа тој бил направен зет и престолонаследник на царот, оженувајќи се за царската ќерка [[Елија Аријадна]]. Во тоа време тој го променил своето име во Зенон, а по смртта на царот Лав I во јануари 474 година, Зенон станал соимператор на малолетниот Лав II, негов син од [[Аријадна]] . Кога Лав II се разболел и предвремено починал при нејасни околности, само по околу девет месеци од заедничкото управување, Зенон биол прогласен за източноримски (византиски) император (во ноември 474 година) и покрај општото незадоволство.
{{Шаблон:Византиски владетели}}