Теодосиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 24:
== Надворешна политика ==
 
Во [[421]]-[[422]] година империјата водела војна со Сасанидска Персија, предизвикана од започнатите прогони против христијаните во земјите на [[Персија]]. Конфликтот завршил наскоро, бидејќи во исто време Хуните[[Хуни]]те започнале инвазија во [[Тракија]] и се заканиле на [[Константинопол]]. Така бил договорен прекин на воените дејствија во [[Месопотамија]] додека персискиот император престанал со христијанските прогони и добил симболичен данок од Теодосиј. Хуните исто така се повлекле од [[Тракија]], под услов да им биде платен годишен данок. Но во 441 година избувнал нов конфликт во [[Персија]], и истиот завршил откако Теодосиј го обновил плаќањето на данок.
 
Цариградската влада при Теодосиј II одржувала стабилни односи со Западната империја, иако во последните години од владеењето на [[Хонориј]], тие биле заладени поради подигнувањето на [[Констанциј III]] за соимператор на запад (421 година).
 
Смртта на Хонориј во [[423]] година го оставил Теодосиј II како единствен легитимен владетел од династијата бидејќи Хонориј немал машки деца, но Теодосиј немал намера да ја обедини [[Римската империја]]. Во [[425]] година, по отстранувањето на узурпаторот Јован на западниот трон бил поставен малолетниот [[Валентинијан III]], братучед на Теодосиј II. Во 30-те години Вандалите[[Вандали]]те зазеле значителни римски територии во [[Северна Африка]], вклучително и градот [[Картагина]], а заедничката експедиција на двете империи против освојувачите во [[Сицилија]] претрпело неуспех (439-442).
 
Во 30-тите и 40-тите години на [[5 век]] значаен проблем претставувало постојаните напади на Хуните на [[Балканскиот полуостров]], особено по стапувањето на [[Атила]], кој ја уценувал византиската влада за да добива огромни количини злато. Во 439 година, годишниот данок платен на Атила бил зголемен двојно - од 350 на 770 римски фунти злато, а по преземањето на Ниш во 443 година е двојно зголемен до 1400. Сепак дунавските провинции на Мизија повеќепати биле уништени и останале речиси напуштени. Императорот се согласил да плаќа по 2100 римски фунти злато годишно (околу 687 кг.) во замена за примирје. По поразот кај Утус ([[447]] година) [[Атила]] пристигнал до ѕидовите на Константинопол и побарал тројно поголем годишен данок (6000 фунти злато), но Теодосиј II ги одбил овие услови. Хуните не биле во можност да ги заземат импресивните Теодосиеви ѕидини по кое се повлекле. Во 449 година византиски агенти направиле неуспешен обид за атентат врз Атила.
 
{{Шаблон:Римски императори}}