Теодосиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
 
Во текот на овој период биле завршени новите ѕидини на престолнината, кои биле повеќе од еден километар оддалечени од старите ѕидини на Константин. Ѕидините го опфаќале просторот од [[Палата Влахерна|палатата Влахерна]] до бреговите на [[Мраморно Море]] со должина од 6,5 километри. Просторот помеѓу новите ѕидини и старите бил малку населен, па овие површини се користеле за изградба на манастири и резервоари. Прва цистерна која била изградена била цистерна Еција во 421 година на шестиот рид, цистерна на Аспар на петтиот рид и цистерна на Свети Моциј на седмиот рид. На [[27 февруари]] [[425]] година бил основан [[Константинополски универзитет|Константинополскиот универзитет]] на грчки и латински јазик.
 
== Надворешна политика ==
 
Во 421-422 година империјата водела војна со Сасанидска Персија, предизвикана од започнатите прогони против христијаните во земјите на [[Персија]]. Конфликтот завршил наскоро, бидејќи во исто време Хуните започнале инвазија во Тракија и се заканиле на Константинопол. Така бил договорен прекин на воените дејствија во [[Месопотамија]] додека персискиот император престанал со христијанските прогони и добил симболичен данок од Теодосиј. Хуните исто така се повлекле од Тракија, под услов да им биде платен годишен данок. Но во 441 година избувнал нов конфликт во Персија, и истиот завршил откако Теодосиј го обновил плаќањето на данок.
 
Цариградската влада при Теодосиј II одржувала стабилни односи со Западната империја, иако во последните години од владеењето на Хонориј, тие биле заладени поради подигнувањето на Констанциј III за соимператор на запад (421 година).
 
Смртта на Хонориј во 423 година го оставил Теодосиј II како единствен легитимен владетел од династијата бидејќи Хонориј немал машки деца, но Теодосиј немал намера да ја обедини Римската империја. Во 425 година, по отстранувањето на узурпаторот Јован на западниот трон бил поставен малолетниот Валентинијан III, братучед на Теодосиј II. Во 30-те години Вандалите зазеле значителни римски територии во Северна Африка, вклучително и градот Картагина, а заедничката експедиција на двете империи против освојувачите во Сицилија претрпело неуспех (439-442).
 
 
{{Шаблон:Римски императори}}