Отоманска Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Замена на Image:Kral_Volkašin_large.jpg со Image:King_Vukašin,_Psača.jpg (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed:).
Ред 21:
| publisher = E.J. Brill and Luzac and Co.
| place = Netherlands
| publication-date = 1993}}</ref>. Во рамките на тие две децении биле освоени речиси сите градови на територијата на Македонија, иако за многу од нив сè уште не може со точност да се утврди времето и начинот на освојување. По битката кај Марица, Османлиите се задоволиле само со ограбување на населението, задржувајќи за себе само мал дел од територијата на уништената држава на деспотот Углеша, во нејзиниот источен граничен појас. Југозападниот дел од оваа област бил приграбен од византискиот управник на [[Солун]], [[МаноилМануел II Палеолог]], синот на византискиот цар [[Јован V Палеолог]], кој во ноември [[1371]] година го презел [[Сер]], додека северните области ги зазеле браќата Јован и [[Константин Драгаш]], синови на деспотот Дејан. Но, по битката кај Черномен, токму териториите на браќата Драгаш биле првата цел на османлиските напади. Браќата, чие седиште бил денешниот град [[Ќустендил]], станале вазали на османлискиот владетел и се обврзиле со плаќање определен годишен данок на султанот, како и учество со воени сили на страна на османлиската војска кога и да го барал тоа султанот. Со оглед на тоа што добар дел од владенијата на браќата Драгаш се простирале на територијата на [[Источна Македонија]], може да се претпостави дека во некои градови на таа територија веќе кон крајот на 1371 и во почетокот на 1372 година биле стационирани османлиски гарнизони. На тој начин Османлиите се обезбедиле во источниот дел од Македонија да не се случат никави изненадувања за време на нивниот следен освојувачки поход, кој бил насочен во правец на [[Југозападна Македонија]] и кој започнал во почетокот од 80-тите години на [[14 век]].
 
Во југозападна Македонија, по смртта на Волкашин, биле создадени повеќе самостојни владенија. Титулата крал од таткото Волкашин сега ја презел неговиот син Марко. Неговите браќа Андрејаш, Димитар и Иваниш не располагале со некои позначајни поседи и не можеле да играат битна улога во понатамошниот тек на настаните. Делови од Волкашиновото Кралство на територијата на Македонија приграбиле феудалецот [[Никола Алтомановиќ]], кој го презел [[Костур]] на југ, [[Вук Бранковиќ]], кој најдоцна во [[1377]] година загосподарил со [[Скопје]] и неговата околина, како и големиот жупан [[Андреја Гропа]], кој се зацврстил во [[Охрид]]. На таков начин, границите на владенијата на синовите на Волкашин биле сведени на тесен простор во западна Македонија: на запад до [[Охрид]], на исток до [[Вардар]], со исклучок на долниот тек на реката Црна, кој им припаѓал на Драгашите, а на север до [[Скопје]] и [[Шар Планина]].