Јапонското куче (филм од 2013): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
ситна поправка
Ред 2:
 
==Содржина==
Костаке (го игра Робенѓук) е средовечен човек кој останал без својата жена и куќата, како последица на големата [[поплава]] којашто го зафатила неговото [[село]]. Поради тоа, тој привремено живее во друга куќа, соочувајќи се со недостигот од [[вода]] и [[струја]]. Притоа, тој е тврдоглав и ги одбива понудите од соседите за каква и да било помош. За тоа време, тој добива понуда од еден локален директор, кој сака да ја купи неговата нива во близината на [[Река|реката]].
 
Животот на Костаке се менува кога во селото пристигнува неговиот син Тичу (го игра Павлу), заедно со жената и синот, кои живеат во [[Јапонија]]. Костаке има проблеми во односот со Тичу, но се зближува со својот внук. Кога гостите доод Јапонија ќе си заминат, внукот му поклонува на Костаке куче-играчка. На крајот, Костаке решава да му се придружи на [[Семејство|семејството]] во Јапонија.<ref>„Јапонското куче“, ''Програма февруари 2015'', Кинотека на Македонија.</ref>
== Наводи ==
{{наводи}}