ФК Базел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 60:
Една година подоцна, Базел го дал првиот играч од клубот во националниот тим. Тоа бил голманот.
 
Во [[Серија А (Швајцарија) 1906-1907 | сезоната 1906-1907]], клубот за прв пат бил победник во својата првенствена група во Серија А. На тој начин стигнале до финалето, но таму загубиле од подоцнежниот шампион [[ФК Сервет | Сервет]] (1:5) и [[ФК Јанг Фелоус Јувентус|Јанг Фелоус Цирих]] (2:3), завршувајќи на последното место во финалната група (од три клуба). [[Серија А (Швајцарија) 1912-1913 | Сезоната 1912-1913]] е посветена на управувањето на клубот од страна на [[Англичани|англичанецот]] [[Перси Хемфрис]], првиот тренер во историјата на клубот.
 
===Време во текот на Првата светска војна===
И покрај избувнувањето на [[Прва светска војна | Првата светска војна]] швајцарското фудбалско првенство не било прекинато, и во сезоната 1913-1914 Базел го освоил второто место во "Централната група" на швајцарската Серија А. Но, само една година подоцна, во [[1915]] година, голем број од активните фудбалери пријавени во швајцарската асоцијација биле земени на воена служба. Базел ја завршил сезоната на третото место. Кон крајот на војната во [[1918]] година, исто така голем проблем претставувало тоа што многу фудбалски игралишта биле претворени во полиња за [[компир]]. Базел го освоил второто место во регионалната група во сезоната 1917-1918 и на тој начин пак не успеал да се пласира во финалната група.
 
===Развојот од 1920 година===
Во сезоната 1919-1920 во клубот дошол австрискиот играч од средниот ред Густав Пуцендоплер (кој подоцна ќе биде тренер на Базел во сезоната 1930-1931), кој исто така се смета за еден од првите странци во клубот. Но ниту ангажирањето на Пуцендоплер не помогнало да се освои првото место централната група, завршувајќи повторно како втор со голем заостаток од 8 бода зад Јанг Бојс. Следната сезона била ужасна за Базел. Клубот завршил на 7. место и само поради подобрата гол-разлика од [[ФК Луцерн|Луцерн]] избегнал испаѓање. Веднаш по завршувањето на срамната сезона, управата на клубот интервенирала со назначување на некогашниот [[Фудбалска репрезентација на Германија|германски репрезентативец]] [[Макс Бруниг]] за тренер на клубот. Бруниг станал само вториот тренер во 30-годишната историја на клубот. Во [[1924]] година, градските ривали [[ФК Нордстерн Базел|Нордстерн Базел]] го освоиле првото место во "централната група", додека Базел завршил на 3. место. Во финалната група на Серија А, шампион бил [[ФК Цирих|Цирих]].
 
Конечно, долго очекуваниот успех бил постигнат во сезоната 1929-1930 кога под водство на унгарскиот тренер [[Јулиј Картеш]] Базел победил во централната групата. Сепак, во финалната група во која овој пат имало 6 клуба (наместо дотогашните три), Базел го освоил последното место со само една победа над [[ФК Биел-Биен|Биел-Биен]] со 1-0. ВО [[1933]] година, дошол првиот позначаен трофеј за клубот, откако во финалето на [[Фудбалски куп на Швајцарија|Купот на Швајцарија]] со 4-3 го победиле [[ФК Грасхопер|Грасхопер]]. Во [[Национална лига (Швајцарија) 1938-1939|сезоната 1938-1939]], клубот го освоил последното дванаесетто место и на тој начин испаднал од највисоката дивизија во швајцарскиот фудбал.
 
===Периодот околу Втората светска војна ===
Исто како и за време на Првата светска војна, така и за време на [[Втора светска војна | Втората светска војна]], натпреварите од шампионатот на Швајцарија биле изиграни. Базел се вратил во Серија А во [[1942]] година, и успел да избегне повторно испаѓање завршувајќи на 13. место во конкуренција на 14 клубови во својата повратничка сезона. Меѓутоа испаѓањето било неизбежно во сезоната 1944-1945. Тие се вратиле во највисоката конкуренција само една година подоцна, а во [[1947]] година, за втор пат во историјата Базел го освоил швајцарскиот куп. Од [[1949]] година, Стадионот Ландхофт бил повторно граден. Во [[1950]] година, Базел бил вицешампион со два бода зад [[ФК Сервет | Сервет]]. Откако завршиле со реновирање на стадионот, бил оргенизиран меѓународен турнир.
 
==Бои и амблеми==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ФК_Базел