Стефан Лихтштајнер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
По добрите игри за својот национален тим на [[Евро 2008]] Лихтштајнер им "паднал во очи" на неколку квалитетни европски клубови, а во јули истата година ја прифатил понудата на [[Рим|римски]] [[С.С. Лацио|Лацио]] со кој потпишал четиригодишен договор. Тој бил доведен во клубот за да го замени својот сонародник и колега од швајцарската репрезентација, [[Валон Бехрами]] кој заминал во [[ФК Вест Хем Јунајтед|Вест Хем Јунајтед]].
 
На [[31 август]] [[2008]], го одиграл својот прв натпревар во [[Серија А]], на гостувањето на [[Сардинија]] против [[ФК Калјари Калчо | Калјари]] во кој [[СС Лацио | Лацио]] забележал убедлива победа со 1-4. Во неговата [[СС Лацио сезона 2008-2009 | прва сезона]], тренерот [[Делио Роси]] го направил Лихтштајнер сопственик на позицијата десно во одбраната (десен бек). Тој го постигнал својот прв гол во светло-синиот дрес во градското дерби против [[ФК Рома|Рома]] на [[11 април]] [[2009]] година, зголемувајќи го водството на својот тим на 3-1, а на крајот Лацио победил со 4-2. Веќе во својата прва сезона оставил добар впечаток кај навивачите на Лацио со својте чести уфрлања во нападот по десната страна, додека [[Србија|србинот]] [[Александар Коларов]] истото го правел по левата страна. Сезоната ја завршил со 33 настапи и еден гол. Лацио сепак разочарал во [[Серија А]] завршувајќи дури на 10. место, но затоа сезоната ја спасиле со триумф во [[Coppa Italia|Купот на Италија]]. Лихтштајнер настапил во четири куп натпревари, вклучувајќи го и финалето, на [[8 мај]] [[2009]], против [[ФК Сампдорија | Сампдорија]] кое Лацио го добил по подоброто изведување на пенали откако после 120 минути игра натпреварот завршил 1-1. Тој бил еден од изведувачите и бил прецизен во шестата серија, а веднаш после него триумфот на Лацио му го донел [[Осман Дабо]] (6-5 вкупен резултат).<ref>{{cite web|url=http://www.corriere.it/sport/09_maggio_13/lazio_sampdoria_coppa_italia_46fed404-4003-11de-bc3f-00144f02aabc.shtml|editor=Il Corriere della Sera|title=La Lazio vince la Coppa Italia|date=13 maggio 2009|accessdate=15 maggio 2009}}</ref>
 
Во [[СС Лацио сезона 2009-10 | следната сезона]], со доаѓањето на клупата на тренерот [[Давиде Балардини]], го освоил [[Суперкуп на Италија 2009 | Суперкупот на Италија]], со победата над [[ФК Интер|Интер]] во [[Пекинг]].<ref name="sc2009">{{Cite web|url=http://www.gazzetta.it/Calcio/08-08-2009/supercoppa-lazio-50983950677.shtml|title=Supercoppa alla Lazio - Inter sorpresa|editor=gazzetta.it|author=Riccardo Pratesi|data=8 agosto 2009|accessdate=13 agosto 2012}}</ref> Во следните месеци, тимот играл под очекувањата, а во февруари [[2010]] година, кога Балардини бил отпуштен, Лацио се наоѓал во зоната за испаѓање на третото место одзади на табелата; со доаѓањето на [[Едоардо Реја]], Лихтштајнер постигнува важни голови: првиот гол против Сиена, во победата со 2-0, и изедначувачкиот гол на гостувањето 1-1 против Милан. Со промената на тренерот, играчот добива повеќе безбедност и значително ги подобрува перформансите; благодарение на одличните резултати во финишот од сезоната, за кои швајцарскиот дефанзивец активно придонесува, тимот влегол во добра серија на резултати и го завршува првенството на дванаесеттото место.