Ѓорѓи Сугарев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Jingiby (разговор | придонеси)
Ред 44:
== Акција против српските четници ==
 
[[Податотека:Georgi Sugarev grave.jpg|лево|мини|Споменик на гробот на Сугарев, подоцна урнат од југословнскитејугословенските комуниститичкикомунистички власти во 1944 година.]]
 
Ѓорѓи Сугарев пристигнал во [[Велес|Велешко]] на [[25 август]] [[1905]] година. Таму се сретнал со војводите [[Јован Алабакот]] и [[Панчо Константинов]], кои во тој момент биле во меѓусебен конфликт. Сугарев успеал да ги помири и да ги убеди дека само со заеднички сили ќе можат да се справат со српските четници инфилтрирани во [[поречје|Поречјето]] ([[Прилеп|Прилепско]]) и [[Област Азот (Велешко)|Азот]] (селата околу [[Богомила]] - Велешко). Следните неколку месеци, здружените чети на Константинов, Алабакот и Сугарев, под команда на Ѓорѓи Сугарев постојано ги обиколувале селата во Поречјето и Велешко во потрага по србоманските чети на [[Глигор Соколов|Глигор Соколовиќ]]. Сугарев во секое село одржувал говор и ја утврдувал наклонетоста на народот за борба и издржливост во тие тешки времиња. Српските четници, согледувајќи ја моќта на таа здружена чета на ВМОРО на чело со Сугарев, ја избегнувале секоја средба со неа. Сугарев бил немилосрден кон платените агенти на српската пропаганда. Додека бил во Велешко и Прилепско, тој ликвидирал десетина српски агенти - меѓу кои и неговиот сопствен чичко, којшто ја предал здружената чета на турските власти. Два пати четата имала судир со турки аскер. По наредба на Сугарев биле убиени и братот и внукот на [[Јован Бабунски]] (водичот на српските четници во Велешко) затоа што ја предале четата. Само еднаш се стигнало до поголема битка меѓу четите на ВМОРО водени од Сугарев и четите на [[Срби|Србите]] водени од Соколовиќ - на [[25 септември]] [[1905]] година во село [[Ореше]]. Во разгорот на битката пристигнал аскер и четите биле приморани да се повлечат од битката.