Трапезунтско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 57:
Владетелите на Трапезунт се нарекувале ''Megas Komnenos'' (Големите Комнени) и како и другите две држави–наследнички на Византија, [[Никејско царство|Никејското Царство]] и [[Епирско деспотство|Епирското Деспотство]] – на почетокот се нарекувале “[[Цар]] и Автократ на Ромеите (Римјаните).” Сепак, кога [[Михаил VIII Палеолог]] од Никеја го освоил Константинопол и бил признат за Римски цар и како господар на Трапезунт, инсистирањето на Комнените за титулата “Цар” било болна точка. Во 1282 година, [[Јован II Комнен]], ја симнал царската регалија пред ѕидините на Константинопол, пред да влезе да се ожени со ќерката на Михаил и да ја прифати легалната титула [[деспот]].<ref>Nicol, Donald MacGillivray, Last Centuries of Byzantium, 1261-1453, Cambridge University Press, Second Edition, 1993, p. 74</ref> Во Трапезунт, далеку од се послабото влијание на Константинопол, тој едноставно го сменил името на титулата во “Цар и Автократ на целиот Исток, Иберијците и Ператеја”, која останала во употреба се до крајот на царството во 1461 година. Државата често се нарекува ''Царството на Комнените'' поради владеечката династија.
 
Трапезунт на почетокот ја контролирал соседната област на [[Црно Море|црноморското]] крајбрежје меѓу [[Сотериопол]] и [[Синопа]], состоејќи се од денешните [[турски провинции]] [[Синоп (покраина)|Синоп]], [[Орду (покраина)|Орду]], [[Гиресун (покраина)|Гиресун]], [[Трабзон (покраина)|Трабзон]], [[Бајбурт (покраина)|Бајбурт]], [[Гумушхане (покраина)|Гумушхане]], [[Ризе (покраина)|Ризе]] и [[Артвин (покраина)|Артвин]]. Во тринаесеттиот век, Царството ја контролирало [[Ператеја]], која ги вклучувала [[Херсон]] и [[Керч]] на [[Кримскиот Полуостров]]. [[Давид Комнен]], помладиот брат на Алексиј, брзо го проширил царството на запад, прво окупирајќи го [[Синопа]], потоа Пафлагонија и [[Хераклеја Понтиска]] (денешната провинција [[Самсун (покраина)|Самсун]] и крајбрежните региони на [[Кастамону (покраина)|Кастамону]], [[Бартик (покраина)|Бартик]] и [[Зонгулдак (покраина)|Зонгулдак]] ()се додека неговото царство не се граничело со [[Никејско царство|Никејското Царство]] основано од Теодор I Ласкарис . Проширувањето било сепак краткотрајно: териториите западно од Синопа биле заземени од Никејското Царство во 1206 година, а Синопа била освоена од [[Селџучко царство|Селџуците]] во 1214 година.
 
== Просперитет ==