Европска Унија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 117:
* [[Норвешка]], [[Сан Марино]], [[Андора]], [[Лихтенштајн]], [[Ватикан]], [[Монако]] и [[Швајцарија]] не се членки, но имаат посебни договори со ЕУ.
* Многу членки на Европската асоцијација за слободна трговија се потписнички на Договорот за Европска економска област, што значи дека тие учествуваат во многу аспекти на единствениот европски пазар.
 
== Мотивите за проширување и идните изгледи ==
 
Поддржувачите на Европската унија тврдат дека растежот на ЕУ е двигател на [[мир]]от и [[демократија]]та. Тие тврдат дека војните, кои беа периодична карактеристика на историјата на [[Западна Европа]], престанаа по основањето на Европската економска заедница во 1950-тите. Тие исто така тврдат дека во раните 1970-ти, Грција, Португалија и Шпанија беа [[диктатура|диктатури]], но желбата на бизнисмените од овие земји нивните држави да станат членки на ЕУ создаде цврсти темели за демократијата во овие земји. Други тврдат дека мирот во Европа по Втората светска војна повеќе се должи на други причини, како потребата за единствен одговор на заканата од [[СССР|Советскиот Сојуз]], како потребата од помирување по Втората светска војна, а што се однесува до наведените диктатури, тие паднаа поради други причини.
 
Од поскоро ЕУ го шири своето влијание кон исток. Прими неколку нови членки од бившиот комунистички блок и среднорочно планира да прими уште неколку други. Постои надеж дека на сличен начин како што примањето на Шпанија, Грција и Португалија водеше кон зацврстување на нивна економска и политичка стабилност, тоа ќе се случи и со новите членки од Источна и Средна Европа.
 
Понатамошното ширење на исток има своја долгорочна корист, но на преостанатите европски земји моментално не се сметаат за погодни за членство во ЕУ. Сепак, вклучувањето на земјите кои моментално се политички нестабилни може, постои надеж, да им помогне да се справат со тензиите и недовербата што произлегуваат од конфликтите како војните на територијата на бивша Југославија и кипарскиот спор и дека ќе им помогне да ги одбегнат таквите конфликти во иднина.
 
Сепак, по отфрлањето на Европскиот устав на референдумите во Франција и Холандија како и поради бавниот економски раст на ЕУ, можното членство на Турција во ЕУ е под знак прашање, бидејќи голем дел од населението во Франција, Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Холандија стравува од членството на Турција во ЕУ и смета дека тоа ќе предизвика непожелни економски, имиграциски и културни импликации.
 
== Институции и правна рамка ==