Спирална галаксија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 44:
Како и да е, некои од ѕвездите поседуваат ''сфероидален ореол'' или ''галактички сфероид'', еден вид на [[галактички ореол]]. Орбиталното однесување на овие ѕвезди е е оспорено, но истите можат да опишат [[ретроградно движење|ретроградни]] и/или многу [[закосеност|закосени]] орбити, или пак не се движат по вообичаени орбити. Ѕвездите од ореолот можно е да потекнуваат мали галаксии кои биле [[галактичко спојување|споени]] со спиралната галаксија, како на пример [[џуџестата сфероидна галаксија Стрелец]] е во процес на спојување со Млечниот пат и набљудувањата покажуваат дека некои од ѕвездите во ореолот на Млечниот пат се припоени од оваа џуџеста галаксија.
 
За разлика од галактичкиот диск, во ореолот постои отсуство од [[меѓуѕвезден прав|прав]], и како понатамошна разлика, ѕвездите од галактичкиот ореол се со [[металност|ѕвезди од третата генерација]], многу постари и со многу мала [[металност]] тогаш нивните роднини од првата генерација во галактичкиот диск. Галактичкиот ореол исто така содржи многу [[ѕвездено јадро|ѕвездени јадра]].
 
Движењето на ѕвездите од ореолот понекогаш ги носи во близина и низ дискот, и одреден број на мали [[црвено џуџе|црвени џуџиња]] во близина на [[Сонце]]то се смета дека припаѓаат на галактичкиот ореол како што се [[Кептејнова ѕвезда|Кептејновата ѕвезда]] и [[Грумбриџ 1830]]. Поради нивното неправилно движење околу центарот на галаксијата, истите поседуваат невообичаено [[сопствено движење]].