Османлии: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 55:
 
Потеклото на Отоманците може да се проследи назад во [[11 век]], кога на територијата на [[Анадолија]] опстојувале неколку мали муслимански емирати со [[Турски народи|туркиско потекло]]. Главната цел на овие т.н. [[Анадолски бејлици]] била да ги одбранат своите територии од страна на [[Византија]]. Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населеле голем број на [[турски народи]].<ref>{{цитирана книга |last=Malcolm Holt |first=Peter |coauthors= Ann K. S. Lambton, Bernard Lewis |title=The Cambridge History of Islamy |year=1977 |publisher=Cambridge University Press |isbn=0-5212-9135-6 |pages=231–232 }}</ref>Меѓутоа, во [[1073]] година и победата на [[Селџучка империја|Селџучкото царство]] во [[Битка кај Манцикерт|битката кај Манцикерт]], овие анадолски Бејлици добиле можност да прогласат своја независност од [[Селџуци]]те. Меѓу овие помали кнежества било и кнежеството со престолнина во [[Согут]]. Тоа било предводено од страна на [[Ертугрул]]. Кога во [[1281]] година починал, неговиот син [[Осман I|Осман]] станал негов наследник.
 
== Население ==
Вкупниот број на население на Отоманската империја до ден денес претставува прашање кое е дебатирано од страна на голем број истражувачи и историчари. За скоро половина милениом од своето постоење, населението на империјата не можело точно да се пресмета, освен доколку се исклучат бројките за работната популација. Ова главно се должело на постојаното менување на границите на империјата како и на неброењето на сите жители кои живееле во неа. Ова пред се се однесува на жените, кои не биле броени во сите неофицијални пописи. Првиот официјалне попис на населението се случил од [[1881]] до [[1893]] година. По завршувањето на пописот било познато кои се основните етнички групи кои живееле во империјата. Покрај муслиманите, во империјата живееле и [[Грци]], [[Ерменци]], [[Бугари]], [[Католици]], [[Евреи]], [[Протестанти]], [[Латини]], [[Цигани]] и други.<ref>{{harv|Karpat|1978|pp.237-274}}</ref> <ref>{{harv|Shaw|1978|p.323-338}}</ref> Нов попис на населението бил направен во периодот од [[1905]] до [[1906]] година.
 
== Наводи ==