Северно Море: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
Северното Море долго било седиште на моќните европски бродски флоти, како и главно риболовно подрачје. Морето е омилено одредиште за рекреација и туризам во пограничните земји и од неодамна се развива како богат извор на енергетски ресурси, меѓу кои [[Фосилно гориво|фосилни горива]], [[Ветерна енергија|ветер]] и рани достигнувања во енергијата на брановите.
 
Историски, Северното Море било значајно во геополитичките и воените односи, особено во Северна Европа, но исто така и глобално преку силата на флотите од земјите околу морето. Северното Море било средиште на [[Викиншка ера|подемот на Викинзите]]. Подоцна, се појавил моќниот стопански сојуз [[Ханза]]та, [[Холандија]] и [[Велика Британија]] се бореле за превласт на Северното Море и така пристап до пазарите и ресурсите од светот. Како единствен излез на [[Германија]] кон океан, Северното Море продолжило да биде стратешки важно во текот на двете светски војни.
Голем број на европакси реки се празнат во ова море. Северното Море е поврзано со [[Атлантски Океан]] на север и запад и со [[Балтичко Море]] на исток.
 
Брегот на Северното Море поседува разновидност на геолошки и географски објекти. На север, длабоки [[фјорд]]ови и стрмни гребени се карактеристики на крајбрежјата на [[Норвешка]] и [[Шкотска]], додека на југ има песочни плажи и калливи морски брегови. Поради густата населеност, тешката индустријализација и преголемата употреба на морето и крајбрежната област, постојат бројни еколошки проблеми.
 
== Надворешни врски ==
{{Ризница-ред|North Sea}}
* [http://www.eastsea.org/article3/report3.htm Етимологија и историја на имињата]
 
{{Никулец од областа на географијата}}
Ред 42 ⟶ 48:
[[Категорија:Мориња во Европа]]
 
{{Link FAGA|lvde}}