Мухамед Али-паша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Во [[1801]] година заминал за [[Османлиски Египет]], каде се водела борба за превласт меѓу [[Мамелуци]]те и [[Османлии]]те. Во таа [[анархија]], тој се држел на двете страни. Локалниот верски водач ([[улема]]) побарал на местото на валија да биде поставен Мухамед Али во [[1805]] година. Али по стапувањето на должност одлучил да ги убие мамелучките лидери па во [[1811]] година ги повикал на свеченост во [[Каиро]] по повод испраќање на неговиот син во поход во [[Арабија]]. Оние кои дошле веднаш биле уапсени и погубени. По убивањето на поголемиот дел од мамелучките лидери, тој наредил на своите сили да бидат уништени и преостанатите сили на Мамелуците во [[Египет]]. По овој чекор, Египет бил претворен во регионален центар. Иако продолжил како вазалство на Османлиите, тој во суштина бил независен владетел.
 
== Реформи ==
 
Мухамед Али сакал да го модернизира Египет според европските земји, исто како што сакал османлискиот султан [[Селим III]], кој поради големите реформи бил убиен. Али не сакал да го повтори неговите грешки, па како прва цел сакал да си осигури постојани државни приходи. За да го постигне тоа, тој ја национализирал целата земја во Египет. Тоа го сторил на начин што ги зголемил даноците и кога имателите на земја не можеле да го плаќаат данокот, тој им ги конфискувал земјите и имотот. По ова, тој започнал со модернизација на својата армија, каде била изградена фабрика за производство на топови, во [[Александрија]] било изградено бродоградилиште.
 
== Воени походи ==