Мухамед Али-паша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Мухамед Али Паша''' ({{роден на|4|март|1769}} во {{роден во|Кавала}} – {{починал на|2|август|1849}} во {{починал во|Александрија}}) бил отомански албански команант во османлиската армија кој успеал да стигне до позицијата [[валија]] и да се прогласи за управител на [[Египет]] и [[Судан]] во првата половина на [[19 век]]. Иако не бил голем националист се смета за основач на модерен [[Египет]] бидејќи вовел големи реформи во војската, образованието и културата. Неговата династија владеела со земјата до [[1952]] година.
 
== Рани години ==
 
Во 1801 година заминал за Османлиски Египет, каде се водела борба за превласт меѓу Мамелуците и Османлиите. Во таа анархија, тој се држел на двете страни. Локалниот верски водач (улема) побарал на местото на валија да биде поставен Мухамед Али во 1805 година. Али по стапувањето на должност одлучил да ги убие мамелучките лидери па во 1811 година ги повикал на свеченост во Каиро по повод испраќање на неговиот син во поход во Арабија. Оние кои дошле веднаш биле уапсени и погубени. По убивањето на поголемиот дел од мамелучките лидери, тој наредил на своите сили да бидат уништени и преостанатите сили на Мамелуците во Египет. По овој чекор, Египет бил претворен во регионален центар. Иако продолжил како вазал на Османлиите, тој во суштина бил независен владетел.