Отоманска Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 45:
== Руско-турска војна ==
{{Главна|Руско-турска војна (1877-1878)|Санстефански мировен договор}}
[[Податотека:Sanstefanska_Bulgaria.png|right|thumb|300px|Граници на Бугарија според Санстефанскиот договор]]
 
Руско-турската војна во периодот од 1877 до 1878 година довела до потпишување на [[Санстефански мировен договор|Санстефанскиот мировен договор]]. Со договорот се воспоставила автономна бугарска област во рамките на Османлиската Империја со широки овластувања, христијанска управа и право на сопствена армија. Оваа територија го опфаќала просторот помеѓу Дунав и планинскиот масив Стара Планина, регионот на Софија, Пирот и Врање во долината на [[Морава]], [[Северна Тракија]], делови на [[Источна Тракија]] и речиси цела [[Македонија]]. Но поради противењето на Големите сили овој договор бил поништен на [[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]]. Според договорот на Отоманската империја биле вратени териториите на [[Македонија]] и [[Тракија]] од [[Санстефанска Бугарија]] кои ѝ биле одземени со Санстефанскиот договор во полза на Бугарија. Исто така, според претходно склучени во Руско-британски договор (од 30 мај 1878 година), територијата на Бугарија е околу три пати намалена од предвидената во Санстефанскиот договор (било решено Бугарија да се простира на територијата која се наоѓа само северно од Стара Планина). Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на [[Отоманската Империја]] а била формирена и [[Источна Румелија]] како автономна област со центар во Пловдив<ref>* Гојко Павловиќ, „Бугарија и Источна Румелија: нивните меѓународни, невладини и правна и политичка положба на 1876-1887 година“, Белград, 1907.</ref>.