Отоманска Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 36:
[[Старозагорско востание|Старозагорското востание]] претставува неуспешен обид на бугарските востаници за ослободување на Бугарија од османлиска власт. На [[12 август]] [[1875]] година од страна на БРКЦ било земено решение за кревање на востание. За раководител на востанието бил избран [[Стефан Стамболов]] и [[Никола Обретенов]], а за центар на востанието - [[Стара Загора]]. Востанието било закажано за 16 септември истата година, но било собрано многу мал број на востаници. Неколку востаници успеале да побегнат, но имало и такви кои се предале на Османлиите. И покрај тоа што Старозагорското востание имало мал зафат и било доста неуспешно, сепак тоа било претходница на [[Априлско востание]].
 
Априлското востание е востание кое било организирано од страна на Бугарите и започнало на [[20 април]] [[1876]] година<ref>Податокот е според [[јулијански календар|јулијанскиот календар]]''.</ref>. Востанието индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, во 1878 година. За време на востанието, се проценува дека биле убиени околу 1.000 муслимани<ref name="McCarthy, Justin p.44">McCarthy, Justin: ''The Ottoman Peoples and the end of Empire''; London, 1981; p.44</ref> . Одлуката за кревање на востание била донесена од страна на одделни активисти на Бугарскиот револуционерен централен комитет, и истото не било подржано од ниту една надворешна сила. Така, територијата на востаниците била поделена во пет регион: Враца, Велико Трново, Сливен, Пловдив и Софија. Востанието избувнало во [[Копривштица]], каде било нападнато седиштето на локалната полиција. Во текот на две недели, востанието се проширило и во поголемиот дел од Бугарија. Околу 1.000 муслимани биле убиени, а многу повеќе протерени од своите домови. Ова довело до многу брза реакција на османлиските власти. Уште од првиот ден на востанието (20 април) Високата порта и турското воено министерство дало наредба за мобилизација на армијата. За задушување на востанието бил формиран штаб во состав: Митхад паша, воен министер, Хусеин Авни паша и командант Абдул Керим паша. Кон територијата на Бугарија се упатила војска од околу 10.000 војници. Многу бргу Османлиите постигнале големи успеси. Селата кои ги зазимале биле изложени на ограбување или палење. Според Николај Овчаров, вкупниот број на загинати изнесувал околу 30.000 војници и цивили.
== Наводи ==
{{наводи}}