Отоманска Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
 
Набргу потоа и самиот комитет се распаднал. По распаѓањето и неуспехот на Старозагорското востание предизвикал разочарување меѓу дел од бугарската емиграција, но ситуацијата на Балканот продолжила да биде погодна за вооружени акции против Високата порта. Имајќи ги предвид сериозните политички проблеми на Османлиската империја и продлабочувањето на Источната криза, некои од членовите на самораспуштениот Бугарски револуционерен централен комитет одлучиле да пристапат кон подготовка на ново востание во Бугарија. За таа цел тие ја изградиле во Ѓурѓевската политичка организација, во бугарската историографија позната како [[Ѓурѓевски револуционерен комитет]]. Состаноците на Ѓурѓевскиот револуционерен комитет почнале околу 11-12 ноември 1875 година и продолжиле до 25 декември. Меѓу неговите учесници се издвојувале [[Стефан Стамболов]], [[Панајот Волов]], [[Стојан Заимов]], [[Никола Обретенов]], [[Георги Бенковски]], [[Иларион Драгостинов]]. Раководството било во рацете на Стамболов, а Заимов ја извршувал функцијата секретар. Сите ѓурѓевски дејци биле едногласни по прашањето дека во пролетта 1876 г. требало да се организира ново востание. Затоа вниманието на Комитетот било насочено кон оние прашања од кои зависела успешната подготовка на идното востанието. Ѓурѓевските дејци не ја одредиле точната дата за кревање на востанието во Бугарија. За време на своите седници тие ја назначиле потребата од поголема флексибилност и понудиле три датуми: 18 април, 1 мај или 11 мај. Во текот на подготовките секој округ требало да го процени степенот на подготвеност и да одреди кога населението да се крене на востание. Конечната дата требало да се усогласи помеѓу раководителите на петте области. Планот на идното востание бил конечно завршен околу 25 декември 1875 г., по што Комитетот се самораспуштил, а одредените раководители се префрлиле преку Дунав и ја започнале напорна работа за подготовка на востанието.
 
== Востанија ==
 
[[Старозагорско востание|Старозагорското востание]] претставува неуспешен обид на бугарските востаници за ослободување на Бугарија од османлиска власт. На [[12 август]] [[1875]] година од страна на БРКЦ било земено решение за кревање на востание. За раководител на востанието бил избран [[Стефан Стамболов]] и [[Никола Обретенов]], а за центар на востанието - [[Стара Загора]]. Востанието било закажано за 16 септември истата година, но било собрано многу мал број на востаници. Неколку востаници успеале да побегнат, но имало и такви кои се предале на Османлиите. И покрај тоа што Старозагорското востание имало мал зафат и било доста неуспешно, сепак тоа било претходница на [[Априлско востание]].