Отоманска Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7:
Слабеењето на Второто Бугарско царство довело до негово распаѓање на два дела: [[Трновско царство]] кое било освоено во 1395 година, и [[Видинско царство]] кое паднало по една година. По паѓањето на Бугарија под османлиска власт, населението било под притисок за прифаќање на [[ислам]]от. Иако новите освојувачи тоа јавно не го барале, во текот на историјата било забележано масовно преминување во исламот во реонот на [[Родопи]]те. Бугарската црква во [[1394]] година ја изгубила својата патријаршија и стапила под јурисдикција на [[Вселенската патријаршија]].
 
Поради незадоволството, народот на неколку пати кревало востание и бунтови но без голем успех. Во 1408 година избувнало [[востание на Константин и Фружин]] и истото било задушено дури во [[1413]] година. Во 16 и 17 век најголеми востанија биле [[Прво трновско востание]] (1598), [[Второ трновско востание]] (1686), [[Чипровско востание]] (1688) и.т.н.

Крајот на [[18 век]] и почетокот на [[19 век]] во империјата започнала балканска побуна. Јаничарите од друга страна се спротиставувале на амбициите на султанот да воведе реформи во армијата. По распуштањето на јаничарскиот корпус бил воведен задолжителниот воен рок поради кое голем дел на бугарски трговци се збогатиле, биле изградени училишта, започнал да се изучува бугарскиот јазик а била прогласена и независност на бугарската црква во времето на [[Абдул Азис]].