Договор од Цариград (1832): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Константинополскиот договор''' произлегол од конференцијата која се одржала во [[Константинопол|османлиската престолнина]] во [[февруари]] [[1832]] ггодина. со учество на големите сили (Велика Британија, Франција и Русија) од една страна и Османлиската империја од друга страна. Фактори кои го опфатиле договорот било одбивањето на Леополд (идниот крал на Белгија) да застане на чело на новата грчка држава, главно поради незадоволството од новата погранична линија на Грција од градовите Арта до Волос. Повлекувањето на Леополд како кандидат за грчкиот престол и избувнувањето на Француската револуција го одложило конечното решение за границите на новото кралство на Балканскиот полуостров. Во времето кога во Обединетото Кралство за нов секретар за надворешни работи бил избран Хенри Џон Темпал, тој се согласил за тоа Арта-Волос да биде новата гранична линија. Така, Грција била дефинирана како независно кралство. Османлиската империја била обештетена за износ од 40.000.000 пастери поради губење на територија. Границите на кралството биле потврдени на Лондонскиот протокол од 30 август 1832 г. За прв крал на Кралство Грција бил избран Отон I. Како еден од основните услови за избирањето на Отон за крал на Грција пред баварскиот крал било престанување на воените дејствија врз Отоманската Империја. Тоа означувало дека Отон би ја имал титулата Крал на Грција, наместо Крал на Грците