Санстефански договор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 48:
 
== Реакции ==
Големите сили не биле задоволни со проширувањето на Русија, додека [[Србија]] и [[Грција]] биле незадоволни од воспоставувањето на [[Голема Бугарија]]. Ова незадоволство подоцна довело до одржување на [[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]] 1878 година.
 
Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор Отоманската империја ги прифатила барањата на Русија но се надевала дека барем делумно ќе влијае на новата бугарска држава. Велика Британија и Австро-Унгарија се спротиставиле на договорот изјавувајќи дека Русија т.н. Источно прашање го заклучила единствено во нејзина корист без да расправа за тоа со западните сили. Заедно со Велика Британија, Италија и Франција исто така се изјасниле против излегувањето на Бугарија на Белото Море, под изговор дека ќе биде користено од Русија за свое идно влијание на Медитеранот. Велика Британија започнала да се подготвува за војна. Австро-Унгарија била незадоволна бидејќи кон новата бугарска држава била вклучена Македонија. Германија индиректно ја подржала Русија. Оваа криза довела да Русија започне да размислува за идните можни конфликти против Велика Британија и Австро-Унгарија. Руската армија била изморена од војната и неспособна.
Романија, која дала голем придонес на страната на победниците во војната, била крајно разичарана од договорот. Јавноста во Романија гледала на договрот како предавство од страна на Русија, која го прекршила Руско-Романскиот договор пред започнувањето а војната, со кој се гарантирал интегритетот на Романската територија.
 
<gallery><center>