Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
==Историјат==
Манастирот Tрескавец е еднокорабна градба, со тристрана олтарска апсида на исток и бочни капели, посветен на [[Успението на Пресвета Богородица]], изградена во XIII век на остатоците на ранохристијанаки храм, кој во XIV век бил обновен и даруван од српскиот [[Стефан Урош II Милутин]]. [[Цар Душан]] станал ктитор на манастирот после победата над [[Византија]] во [[1334]] година. Манастирот Трескавец бил изграден во текот на отоманската управа над ова подрачје, во архитектонски стил кој се развил под влијание на византиското градежништво. Податоците за изградбата на средновековниот манастир со црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, за жал, не се зачувани. Единствен извор кој не упатува за неговото постоење од првата половина на XIII век се Трескавечките повелби на [Цар Душан]], во кои е истакнато дека манастирот бил под јурисдикција на [[Охридската архиепископија]], а во него било практикувано источноправославното монаштво под заштита на византиските владетели. Споменувањето на Душановите претходници, освен во повелбите, е зачувано и во натписот над влезната манастирска врата, каде се насликани фигурите на владетелите Андроник II и Мануил IX. Како дарител на манастирот се споменува и српскиот [[Стефан Урош II Милутин]], а подоцна царот Душан и неговиот син [[Стефан Урош V]]. Датирањето на манастирот од почетокот на XIII век се поткрепува и врз основа на архитектонската конструкција на црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, која е доградувана во неколку фази.
 
==Преданија==