Хуан Карлос I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис, промени во стилот
дополнување
Ред 27:
Хуан Карлос е роден во [[Рим]], [[Италија]] на [[5 јануари]] [[1938]] година, во време кога неговото семејство било прогонето од [[Франциско Франко]]. Во [[1948]] година, генералот Франко го повикал Дон Хуан да го премести Хуан Карос во [[Шпанија]] и да го “''воспита''“ како иден крал на [[Шпанија]]. Истата година, тој за првпат стапнал на шпанска територија. кога [[Шпанија]] била прогласена за [[кралство]], а Хуан Карлос за престолонаследник.
На [[22 ноември]] [[1975]] година, Хуан Карлос станалпостанал [[Листа на шпански кралеви|крал на Шпанија]], а престолот го наследил од дедо си [[Алфонсо XIII од Шпанија]]. Притоа, тој постанал првиот шпански крал по пауза од 44 години, откако за време на [[Граѓанска војна во Шпанија|граѓанската војна]] во Шпанија била укината монархијата. Татко му, дон Карлос се откажал од престолот во негова корист. Според новиот устав од [[1978]] година, кралот на Шпанија добил многу поголеми должности, за разлика од другите монархии во [[Европа]]. Хуан Карлос станал главен командант на вооружените сили и има големо влијание во политичкиот живот на Шпанија. Хуан Карлос имал голема улога во развојот на парламентарната [[демократија]] во Шпанија, а неговата популарност особено се зголемила во [[1981]] година, кога успешно се справил со обидот за воен удар.<ref>"Од миленик до презрен", ''Дневник'', година XVIII, број 5482, среда, 4 јуни 2014, стр. 15.</ref>
 
Хуан Карлос се оженил за [[Софија Грчка]]. Новата кралица за мал период го научила [[шпански јазик|шпанскиот јазик]], и родила три деца: принцезите Елена и Кристина и принцот [[Филип VI (Шпанија)|Фелипе]].
 
== Абдикација ==
На [[2 јуни]] [[2014]] година, премиерот на [[Шпанија]], [[Марио Рахој]], прогласил дека, по речиси 40 години минати на престолот, кралот Хуан Карлос решил да абдицира, поради лични причини, и дека ќе го наследи принцот [[Филип VI (Шпанија)|Фелипе]].<ref>[http://www.bbc.com/news/world-europe-27662301 King Juan Carlos of Spain abdicating], 2 June 2014, [[BBC]]</ref> <ref>"Шпанскиот крал Хуан Карлос ќе абдицира", ''Дневник'', година XVIII, број 5481, вторник, 3 јуни 2014, стр. 14.</ref> По објавувањето на веста за абдикацијата на Хуан Карлос, шпанската влада одржала вонреден состанок на кој биле разгледани уставните мерки потребни за наследувањето на престолот, бидејќи шпанскиот [[Устав|устав]] не пропишува никаква процедура за [[абдикација]] на [[Крал|кралот]] и за наследување на круната. Истовремено, на централниот плоштад во [[Мадрид]], Пуерта дел сол, како и во другите шпански градови се собрале неколку илјади демонстранти, кои барале укинување на [[Монархија|монархијата]]. Инаку, неколку години пред абдикацијата, угледот на кралот Хуан Карлос бил сериозно разнишан поради неколкуте скандали во кои биле вклучени членовите на неговото семејство: Така, против неговиот зет, [[Инаки Урдангарин]] била отворена истрага поради злоупотреба на државни пари.<ref>"Фелипе пречекан со барање за референдум за република", ''Дневник'', година XVIII, број 5482, среда, 4 јуни 2014, стр. 14-15.</ref>
 
== Поврзано ==