Евренос-бег: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Гази Евренос бег бил османлиски војсководец, основач на познатата турска фамилија Евреносоглу.
 
Евренос е роден во провинцијата Баликешир во Кареси околу 1330 година а според османлиската традиција во 1288 година. Неговото вистинско име е Еврен а додавката ја добил од грчкото население во Анадолија и Тракија. До 1361 година служел на властите на Кареси, а откако а откако Орхан I го освоил бејликот, Евренос-бег започнал да работи под негова управа. Евренос бил еден од главните потикнувачи за навлегување на Османлиите на Балканот и служел на четири султани: Орхан I, Мурад I, Бајазит I и Мехмед I. Учествувал во Маричката битка во 1371 година и по големата победа ги зазел Сер, Дојран, Прилеп, Скопје и Призрен. Во 1396 година учествувал во Никополската битка.
 
Починал во околу 1400 година. Според османлиските легенди во 1417 година на 129 години, во Ениџе Вардар, денешна Јанина. Неговите наследници служеле на империјата до Балканските војни.