Лазар Поп-Трајков: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
бришење на песната, ја има на викиизвор |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1:
Лазар Поп Трајков бил македонски револуционер, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.
Лазар Поп Трајков е роден 1878 година, во револуционерното село Д'мбени (Костурско), сега во Грција) во семејството на Поп Трајко кој бил чесен човек и голем патриот. Лазар Поп Трајков го завршува основното образование во своето родно село. Уште од мал, тој пројавува афинитет кон учењето и револт кон неправдата што османлиската држава ја врши на неговиот народ. По завршувањето на основното училиште, Лазар Поп Траков учи во прогимназијата во Костур, а потоа своето образование го продолжува во Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј".
Таму тој и ја започнува својата револуционерна дејност, станувајќи член на ТМОРО. По завршувањето на гимназијата, станува егзархиски учител во Костурско.
Поп Трајков развива интензивна револуционерна дејност во своето родно Костурско во периодот од 1898-1899 година. Својата работа како егзархиски учител, тој ја користи како прикритие за да обиколува по костурските села и да пропагира револуционерна борба.
Поп Трајков е првиот организатор на Костурската околија. Секој одмор го користи за да основа комитети на ВМОРО во селата. Во редовите на ВМОРО тој вклучува неколку стари ајдути како Коте Христов (којшто после станува грчки агент) и Митре Влаот, како и многу нови четници и реонски војводи (Манол Ризов, Никола Андреев, Пандо Кљашев и др.
За неполна година, Костурско е веќе организирано - во секое населено место има луѓе на организацијата што ја развиваат инфраструктурата на ВМОРО.
Поп Трајков наредува и ликвидација на неколку турски разбојници што го измачуваат народот. Освен против турското господство, тој се бори и против грчката духовна хегемонија. Костурско, како етничка граница меѓу Македонците и Грците, е под директен удар на грчката црква и нејзините агенти (под покровителство на турската власт). Во тоа време голем дел од Македонците во Костурско се декларираат како Грци (Гркомани), но после неколку обиколки на Поп Трајков по костурските села (потоа тоа го прави и Васил Чакаларов), бројот на гркоманите се редуцира на ништожна цифра.
На состанокот на костурските раководители во 1899 година, тој е назначен за врховен началник на ВМОРО во Костурско. Набргу почнува да прави обиди за набавување на големи пратки оружје од Грција за вооружување на населението, но во 1899 година е уапсен од турската полиција и осуден на 4 години затвор. Затворот го лежи во Корча.Во 1903-та година бил ранет во устата,во усната шуплина,но подоцна бил заклан од неговиот поранешен четник Коте Христов(Коте Руља),а Коте бил награден со 50 лири од владиката Германос Каравангелис.
|