Менструален циклус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 102:
Комбинираните хормонски контрацептивни средства содржат и естроген и прогестоген. Негативната реакција на естрогенот кон аденохипофизата значително го намалува лачењето FSH, што ги прави комбинираните контрацептивни средства поефикасни при спречување развој на фоликулите и спречување овулација. Естрогенот исто така ја намалува честотата на неправилните крварење поради покачување на естрогенот. Неколку видови на комбинирани хормонски контрацептивни средства, како апчињата, вагиналниот прстен НуваРинг и контрацептивниот фластер, обично се користат на начин, што предизвикува редовно крварење поради повлекување на естрогенот. Кај нормален циклус менструацијата се случува кога нивото на естрогенот и прогестеронот брзо паѓа. Привременото нередовно користење комбинирани хормонски контрацептивни средства (користење плацебо лекарства една недела, некористење фластер или прстен една недела) има сличен ефект како да предизвикувате распаѓање на ендометриумот. <br />
 
[[Податотека:Scheme female reproductive system-enmk.svg|мини|десно|Внатрешни женски репродуктивни органи ]]
=== Лактозна аменореја ===
Доењето предизвикува негативна повратна врска на ненадејното лачење гонадотропен ослободувачки хормон (GnRH) и лутеинизирачки хормон (LH). Зависно од јачината на негативната повратна врска, жените кои дојат можат да искусат целосно отсуство на развојот на фоликулите, може развојот на фоликулите да се случи, но да нема [[овулација]], или пак може да си имаат нормални менструални циклуси. Поголема е веројатноста да се случи целосно отсуство на овулација доколку доењето е почесто. Лачењето пролактин како одговор на доењето е важно за да се одржи лактозната аменореја. Во просек, жените кои исклучиво ги хранат нивните новороденчиња со доење и чии што новороденчиња често цицаат доживуваат враќање на менструацијата 14 и пол месеци постнатално. Но сепак има многу видови реакции на жените кои дојат, некои го доживуваат враќањето на менструацијата на два месеци постнатално, додека некои остануваат аменореични и до 42 месеци постнатално.<br />