Анатомија и технички својства на дрвото: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 42:
<br/>Младите штотуку настанати клетки, меѓусебно се поврзани со тенки нишки на цитоплазмата, кои се нарекуваат плазмодеми. Преку нив се врши размена на материи помеѓу соседните клетки. Ги има само во примарната мембрана, која има еднообразна структура. Кога започнува формирањето на секундарната мембрана, доаѓа до [[здрвенување]] (лигнификација) на клеткината мембрана. За да се прекине врската помеѓу соседните клетки, клеткината мембрана задебелува само на некои места, со што секундарната мембрана не се формира непрекинато. На примарната мембрана остануваат незадебелени места, преку кои соседните клетки и понатаму комуницираат. Тие места се зачетоци на порите во клеткината мембрана и се нарекуваат примарни полиња на порите. Во секое од примарните полиња, може да се развие една или повеќе пори во клеткината мембрана.
Незадебелените места на две соседни мембрани на кои се формираат пори, секогаш се во положба едно спроти друго бидејќи размената и транспортот на материите може да се одвива само ако постојаат две вакви незадебелени места или две пори кои се викаат '''пар пори''' во клеточната мембрана. Меѓутоа големината и формата на тие незадебелени места не треба да бидаат секогаш еднакви. Според градбата, формата, големината, бројот и распоредот, разликуваме повеќе видови пори во клеточната мембрана. Кога незадебелените места на секундарната мембрана се во вид на два кружни отвори, преставуваат наједноставниот вид на пори кој е карактеристичен за живите елементи на градбата на дрвото, таквите пори се нарекуваат '''''едноставни пори'''''. Меѓу нив се наоѓа тенка ципа која се нарекува ''мембрана на пората''. Преку мембраната на пората се врши размена и транспорт на материите помеѓу соседните клетки.
Другиот вид на пори, '''''заградени пори'''', се карактеристични за мртвите клетки (елементи) кои ја спроведуваат водата и минералните материи. Кружниот отвор или каналот на заградените пори не е со еднаква ширина. Тој се шири кон внатрешноста спрема мембраната на пората. Кај нив раздвоениот дел на секундарниот слој на мембраната е издигнат и надвиснат над отворот на порите, па затоа тие личаатна ''заградени пори''. Кај трахеидите на раното дрво на четинарите средишниот дел на мембраната на заградените спори е задебелен во вид на ''леќа'' и е наречен ''торус'''''Задебелен текст'''. Истенчените места од страна на торусот, т.е неговиот периферен дел се нарекува '''''марго'''''. Тој е тенок и пропустлив па затоа преку него се врши размена на материите. Отворот на пората спрема луменот на пори, по правило е поголем од порусот. Мембраната на пората зазема симетрична положба помеѓу двете двете заградени пори, односно помеѓу порусите.
 
==Елементи на градба на дврвото==