Магарешки атентати: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{ВМРО (Aвтономистичка)}}
'''Магарешките атентати''' претставуваат серија од [[Тероризам|терористички]] акти извршени во текот на [[1911]] и [[1912]] година од дејци на новата организација [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]],<ref>Виолета АковскаАчковска и Никола Жежов „Предавствата и атентатите во македонската историја“, Скопје, 2004.</ref> која произлегла од [[Расцеп на Македонската револуционерна организација|расцепот на Македонската револуционерна организација]].
 
Во периодот што непосредно претходел на [[Балканските војни]], во Македонија ВМРО ја продолжила вооружената борба, но со нова тактика. На [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] се дало акцент на тероризмот и од тука произлегле т.н. Магарешки атентати. Со атентатите се сакало да се предизвика турскиот фанатизам и со очекуваната реакција од нив се сакало да се вознемири и пробуди европското јавно мислење против Турците. Убиствата извршени од страна на Турците биле еден од поводите за почеток на [[Првата балканска војна]].
Ред 11:
 
== Атентати ==
=== Првиот атентат во Штип ===
 
На [[4 декември]] [[1911]] година (нов стил) во [[Штип]] експлодирала вреќа со бомби. Според еден извор, при штотоа биле убиени двајца Турци, а биле ранети 25 Турци, еден Евреин и еден Македонец. Како резултат од оваа терористичка дејност за помалку од еден час биле убиени 17 христијани, а 149 биле ранети.<ref>[http://books.google.com/books?id=gTPuMKq2nVkC&printsec=frontcover&dq=Mladoturskata+revolucija+vo+Osmanskata+imperija++By+Jusuf+Hamza#v=onepage&q&f=false Јусуф Хамза „Младотурската револуција во Османската империја“, „Логос-А“, Скопје, 1995, 345-346 стр.]</ref> Според друг извор, во терористичкиот напад загинале тројца Турци од кои едно дете, а биле ранети 12 други, додека во реакцијата Турците истепале 20-мина и потешко или полесно раниле 309 штипјани.<ref>Манол Пандевски „Политичките партии и организации во Македонија (1908-1912)“, „Мисла“, Скопје, 1987, 65 стр.</ref>
 
Во првичните извештаи на кајмакамот на Штип до валијата на Косово актот на насилство на муслиманите врз христијаните го оправдувал со наводно поставената бомба наспроти ѕидот од џамијата при што биле повредени тројца муслимани од кои едниот починал. Но, по испитување на повеќе извори, Вилијам Хав, британскиот вицеконзул во Скопје, утврдил дека ''бомбата не била поставена спроти ѕидот на џамијата за време на молитвата, туку била донесена од страна на некој селанец, скриена во кола полна со продукти за пазар, и оставена до јавната вага на пазаришниот плоштад околу 9 и 30 часот наутро.''<ref>ДАРМ, М-1606, сн. 493-494, PRO FO 294/38, (Писмо од Вилијам Хав до Хари Лем), 13.12.1911.</ref> Таа експлодирала неколку минути подоцна. Мали штети биле направени на ѕидот од соседната џамија. Неколку лица кои стоеле настрана, повеќето Турци, биле сериозно повредени, а еден од нив починал по три дена.
Ред 20:
Во целиот настан најповеќе настрадале жителите на Штип кои биле целосно невини за какво било учество или согласност со злосторството, ''туку тоа било инспирирано многу повеќе од желбата да бидат казнети како и да доведе до инцидент''. Лем наведува дека по шокантното ''убиство на шест муслимани близу Килисели, и правните последици и други процеси во Штип, ... минатата година, видните лица од овој град решиле целосно да ги прекинат врските со организацијата на [[Тодор Александров]], одбивајќи дури да даваат придонеси, како порано, во неговите фондови или да ги примаат и разнесуваат неговите емисари кога тие го посетуваат градот''. После тоа, Александров ја објавил својата намера ''да им го доведе умот''.
 
=== Останати атентати ===
Се случиле повеќе вакви атентати: во почетокот на 1912 година во [[Штип]], на [[1 август]] 1912 (нов стил) во [[Кочани]], а на [[28 август]] во [[Дојран]]. При атентатот во Кочани биле убиени 28 Турци, по што биле убиени 21 Македонец, а биле ранети 190 души. Во Дојран, според некои извори загинале 13 Турци, а според други 60 Турци и 5-6 Македонци.<ref>Хамза, цит. дело, 354-355 стр.</ref>
 
Се случиле повеќе вакви атентати: на почетокот на 1912 година во [[Штип]], на [[1 август]] 1912 (нов стил) во [[Кочани]], а на [[28 август]] во [[Дојран]].
 
При атентатот во Кочани експлодирале две бомби и биле убиени 28 Турци, по што биле убиени 21 Македонец, а биле ранети 190 души. Според други извори загинале петмина Турци, а како реакција на тоа, толпата и војската од тамошниот гарнизон убила 38 Македонци, меѓу кои и неколку деца, додека бројот на повредените достигнал 466 души.<ref>Пандевски, цит. дело, 425 стр.</ref>
 
Во Дојран, според едни извори загинале 13 Турци, а биле ранети 42 Турци и тројца Македонци. Според други 60 Турци и 5-6 Македонци.<ref>Пандевски, цит. дело, 425 стр. Хамза, цит. дело, 354-355 стр.</ref>
 
Бомбени атентати во 1912 година биле извршени и во [[Битола]] (30 јануари и 24 септември), [[Кичево]] (17 февруари), [[Крушево]] (9 февруари и 6 септември), [[Охрид]] (25 април и 30 јули), [[Ресен]] (31 јули), [[Прилеп]] (2 септември), [[Кавадарци]] и во други места. Бомби биле откриени и во [[Солун]].<ref>Пандевски, цит. дело, 425 стр.</ref>
 
== ИзвориНаводи ==
<references/>
[[Категорија:Атентати на ВМРО]]