Пазар на капитал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 40:
Во работењето со хартии од вредност, банките можат да извршуваат различни активности: да бидат активни на примарниот и секундарниот пазар, да делуваат како дилери и брокери, како и да нудат разни дополнителни услуги поврзани со работењето со хартии од вредност. Притоа, сите овие активности банките ги извршуваат преку посебни организациски делови или преку посебни друштва коишто се во споственост на банките.
 
На примерниотпримарниот пазар, банките самостојно или преку своите подружници ([[англиски]]: ''subsidiaries''), се главните играчи при издавањето на државни хартии од вредност (државни записи и обврзници). Тука, тие се јавуваат во улога на основни дилери ([[англиски]]: ''primary dealers'') коишто учествуваат на аукциите на државни хартии од вредност, а потоа, нив им ги продаваат на други инвеститори. Во продолжение, банките можат да се занимаваат и со инвестициско банкарство ([[англиски]]: ''investment banking''), односно со потпишување ([[англиски]]: ''underwriting'') нови изданија на хартии од вредност. Извршувајќи ја оваа функција, банките им помагаат на приватните издавачи успешно и брзо да ги продадат хартиите од вредност на пазарот.
 
Исто така, банките се активни и на секундарниот пазар на хартии од вредност, каде што делуваат како брокери или дилери. Кога извршуваат брокерски активности, банките посредуваат помеѓу продавачите и купувачите на хартии од вредност и за извршената услуга наплаќаат одреден надомест-брокерска провизија. Работејќи како дилери, банките работат за своја сметка ([[англиски]]: ''proprietary trading'') т.е. купуваат и продаваат хартии од вредност, заработувајќи на разликата помеѓу куповните и продажните цени. Притоа, во одредени случаи, банките ја извршуваат улогата на подржувачи на пазарот ([[англиски]]: ''market makers''). На пример, кога централните банки ги спроведуваат операциите на отворен пазар, тие работат само со одреден број банки коишто ја извршуваат улогата на подржувачи на пазарот. Работејќи како подржувачиподдржувачи на пазарот, банките се должни во секое време да држат одредена залиха на хартии од вредност, коишто ги нудат за продажба на заинтересираните купувачи, по објавената продажна цена ([[англиски]]: ''ask price, offer price''). Во исто време, тие се обврзани да ги купат хартиите од вредност што ќе им ги понудат заинтересираните продавачи, се разбира, според објавената куповна цена. Банките остваруваат заработка од овие активности така, што хартиите од вредност ги продаваат по повисока цена од онаа по која ги купуваат. Притоа, разликата помеѓу продажната и куповната цена на хартиите од вредност се вика распон ([[англиски]]: ''spread'').

Во продолжение, банките можат да остварат [[профит]] и врз основа на спекулирање на идното движење на каматните стапки, т.е. на цените на хартиите од вредност. Во тој случај, во зависност од нивните очекувања за движењето на каматните стапки, банките можат да заземат долга или куса позиција во одредени хартии од вредност. На пример, доколку банката очекува дека каматните стапки во следниот период ќе опаѓаат (а тоа значи дека цените на [[Обврзница|обврзниците]] ќе растат), таа ќе купува обврзници (долга позиција), кои што подоцна ќе ги продаде по повисока цена и на тој начин ќе оствари профит. Најпосле, банките можат да заработат и врз основа на давање разни услуги на своите клиенти во врска со работењето со хартиите од вредност (инвестициско советување, раководење со финансиски имоти итн.)<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), стр. 208.</ref>
 
== Видови долгорочни вредносни хартии на пазарот на капитал ==