Иг де Пајен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Целосно избришана страница
Одбиени последните 3 промени во текстот (од 62.162.76.27) и вратена ревизијата 3021110 на Addbot
Ред 1:
[[Податотека:De paynes.jpg‎|десно|thumb|120px|Иг де Паен]]
'''Иг де Пајен''' или '''Иго де Паен''' (околу [[1070]] - [[1136]]) бил познат француски [[витез]] од провинцијата [[Шампањ (област)|Шампањ]] којшто се смета дека е основач на витешкиот ред, [[темплари]] и првиот [[Голем мајстор на витешкиот ред Темплари|Голем мајстор]]. Тој заедно со светиот [[Бернард од Клерво]] го изработил ''Латинскиот правилник'' за однесувањето во [[Витези-Темплари|редот на темпларите]].
 
== Биографија ==
Иг де Пајен најверојатно е роден во [[Пајнс]] на околу 10 км од градот [[Троа]] во областа Шампањ. Тој бил вазал на грофот [[Иго од Шампањ]] кого го придружувал во [[Прва крстоносна војна|Првата крстоносна војна]]. Сосема веројатно е дека за време на крстоносната војна, Паен служел во армијата [[Годфрид Бујонски|Годфроа де Булион]]. Кога грофот Иго од Шампањ отишол во [[Ерусалим]] по втор пат во [[1108]], тој бил придружуван од Иго де Паен. По враќањето во [[Франција]], Иго де Паен подготвувајќи се повторно да оди во ''[[Света земја|светата земја]]'', по желба на [[папа Урбан II|папата Урбан II]] со себе земал 9 витези коишто биле ангажирани за обезбедување на аџиите коишто оделе во [[Ерусалим]] од пљачкашките банди и сиромашните крстоносци.
 
[[Податотека:Hughes de Payns.svg|лево|thumb|100px|Грбот на Иг де Паен]]
Де Паен стигнал до кралот [[Балдвин II]] во [[Ерусалим]] со 8 витези од кои двајца биле браќа, а сите биле роднини. Тоа биле првите витези, темплари. Нивните имиња биле [[Годфреј де Сант-Омер]], [[Пајен де Монтдидие]], [[Архамбо де Сент Агнан]], [[Андре де Монтбард]], [[Жофри Бизон]] и уште двајца витези препоантливи само по имињата [[Росал]] и [[Гондамер]]. Деветтиот витез е непознат, меѓутоа се шпекулира дека тоа е можно да бил лично грофот Иго од Шампањ.
 
Како водач на витешкиот ред, тој ги водел темпларите скоро 20 години, се до неговата смрт. Тој се грижел за тоа витешкиот ред да прерасне во меѓународна воена и финансиска институција.
 
[[Податотека:BaldwinII_ceeding_the_Temple_of_Salomon_to_Hugues_de_Payns_and_Gaudefroy_de_Saint-Homer.JPG|десно|thumb|Кралот [[Балдвин II]] со Иго де Паен и Годфреј де Сент- Омер]]
Де Паен отишол во [[Англија]] и [[Шкотска]] во [[1128]] година. Во близина на [[Лондон]] ја формирал првата темпларска куќа, а уште една формирал и во близина на [[Единбург]], позната како [[Храм Мидиотијан]].
 
Иго де Паен умрел во [[Палестина]] во [[1136]] година, а на чело на витешкиот ред го наследил [[Робер де Краон]].
 
 
{{start box}}
{{succession box |
title=[[Голем мајстор на витешкиот ред Темплари|Голем мајстор]] |
before= --|
after=[[Робер де Краон]] |
years=[[1118]]–[[1136]] }}
{{end box}}
 
[[Категорија:Темплари]]
[[Категорија:Големи мајстори на витешкиот ред Темплари]]
[[Категорија:Крстоносци од Првата крстоносна војна]]