Лизинг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Финансиски лизинг: ситна поправка
Ред 113:
Финансискиот лизинг претставува договор за лизнг помеѓу давател на лизинг - друштво за лизинг и корисник на лизинг, каде што корисникот на лизинг го определува предметот на лизинг (опрема, недвижнини, возило) што е купен од страна на давателот на лизинг и му се дава на корисникот на лизинг за договорен временски период и со однапред утврдени услови, согласно договорот за лизинг склучен помеѓу давателот и корисникот на лизинг.
Кај финансискиот лизинг среќаваме три страни :1) давател на лизинг, 2) корисник на лизинг и 3) финансиер, кој може да се јави како специјализирана лизинг компанија или банка или осигурителна компанија. Се состои од два договори: договор за лизинг, помеѓу давател и корисник на лизинг, и договор за купопродажба помеѓу давател на лизинг и производител или испорачувач на предметот на лизинг.
Карактеристики на финансискиот лизинг се:
* Среднорочен и повеќе кон долгорочен, во зависност од економската и техничка употребна вредност на предметот на лизинг. Според македонскиот Закон за лизинг, рокот на договорот за финансиски лизинг за движни предмети изнесува најмалку една, додека за недвижни предмети изнесува најмалку две години,
* Лизинг договорот најчесто не опфаќа услуги
* Лизинг предметот цело време останува во сопственост на лизинг друштвото и договорот временски го покрива амортизациониот период на лизинг предметот
* Давателот на лизинг целосно е исплатен за неговите капитални трошоци( набавна цена и трошоците за купопродажба на предметот), дополнителни трошоци или камата, профитот на давателот на лизингот, односно сите други трошоци со кои се соочува за времетраење на договорот
* Инвестицискиот [[ризик]] го сноси исклучиво корисникот на лизинг
* Најчесто, по истекот на рокот, договорот завршува со пренос на сопственоста врз предметот на корисникот на лизинг.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лизинг