Мобинг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 31 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q207469 (translate me)
дополнување, обновување
Ред 1:
'''Мобинг''' ([[англиски]]: ''mobing'') е појава на психичко [[малтретирање]] на работното место, кое се повторува низ активности чија цел е деградација на работните услови на работникот, кои може да предизвикаат повреда на човековите права и достоинството, да наштетат на психичкото и телесно [[здравје]] и да ја компромитираат професионалната иднина на жртвата. Во македонската правна терминологија за поимот мобинг се употребува изразот вознемирување на работноот место.
{{Без извори|датум=август 2010}}
 
'''Мобинг''' е појава на психичко [[малтретирање]] на работното место, кое се повторува низ активности чија цел е деградација на работните услови на работникот, кои може да предизвикаат повреда на човековите права и достоинството, да наштетат на психичкото и телесно [[здравје]] и да ја компромитираат професионалната иднина на жртвата.
== Дефиниција ==
Според шведскиот психолог Хајнц Лејман, кој е автор на поимот мобинг и најзаслужен за неговото воведување во законодавството на Европската унија, мобингот претставува психолошки терор на работното место и вклучува непријателска и неетичка комуникација и малтретирање кои се систематски насочени од еден или повеќе поединци кон друг поединец, кој на тој начин е ставен во беспомошна положба и неможност да се одбрани.<ref>Драгана Јашевиќ и Јане Војчески, "Мобинг - вознемирување на работното место", ''Економија и бизнис'', год. 16, број 180, јули 2013, стр. 68.</ref>
Оваа дефиниција е прифатена ширум светот, а најчестата причлина е психопатологијата на оној кој го спроведува мобингот. Според тоа, мобингот е психопатолошка појава каде оној кој го спроведува настојува да ги компензира своите лични недостатоци (емиоционална сатисфакција). Сепак, често, оваа појава добива различна димензија, бидејќи таа може да биде предизвикана од други побуди, на пример, да се обезбеди економска или политичка сатисфакција.
 
== Мобингот во македонската практика ==
Според спроведените анкети со анонимни испитаници, направени од страна на синдикатите, речиси половината од работниците во Македонија наведуваат дека се жртва намобинг. Меѓутоа, во судската практика во Македонија не е забележана ниту една пресуда со која би се утврдило вршењето мобинг. Токму тоа било причината на 31 мај 2013 година да се донесе посебен Закон за заштита од вознемирување на работното место, со кој детаљно се пропишани правата, обврските и одговорностите на работодавачите и на работниците во врска со психичкото и половото вознемирување. Претходно, мобингот бил регулиран со Законот за работните односи во кој мобингот бил дефиниран како "негативно однесување од страна на поединец или група кое често се повторува (најмалку во период од шест месеци), а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место".<ref>Драгана Јашевиќ и Јане Војчески, "Мобинг - вознемирување на работното место", ''Економија и бизнис'', год. 16, број 180, јули 2013, стр. 68-69.</ref>
 
Со Законот за заштита од вознемирување на работното место била пресликана досегашната дефиниција на мобингот, но со одредени измени. Така, бил зголемен опфатот на можните загрозени категории од мобинг (вработените, кандидатите за вработување, волонтерите, лицата ангажирани со договор на дело или со авторски договор итн.). Понатаму, во дефиницијата на мобингот бил изоставен делот со кој се наведувало дека мобингот треба да се повторува најмалку шест месеци. Бидејќи понекогаш не е јасно кое однесување на работодавачот може да се смета за мобинг, во законот се наведени активностите кои не претставуваат вознемирување на работното место, и тоа:
* поединечни акти донесени од работодавачот со кои се одлучува за права и обврски на работникот, а против кои вработениот има право на заштита со постапка утврдена со закон,
* оневозможување да се користат права утврдени со закон или со колективен договор, чија заштита се остварува во постапка кај работодавачот или пред надлежен суд,
* неоправдано постапување или дискриминација на вработениот во врска со кои се обезбедува заштита согласно законите,
* повремени разлики во мислењата во врска со прашања и проблеми поврзани со работните задачи, освен ако тие немаат цел да го повредат или намерно да го навредат работникот.<ref>Драгана Јашевиќ и Јане Војчески, "Мобинг - вознемирување на работното место", ''Економија и бизнис'', год. 16, број 180, јули 2013, стр. 69.</ref>
 
== Наводи ==
<references/>
 
Мобингот најчесто доаѓа од претпоставено лице и тогаш станува збор за вертикален мобинг. Иако многу помалку, мобингот го вршат и колегите (хоризонтален мобинг).
 
== Надворешни врски ==
Ред 10 ⟶ 24:
 
 
{{Псих-никулец}}
 
[[Категорија:Меѓучовечки односи]]
[[Категорија:Организационална психологија]]
[[Категорија: Право]]
[[Категорија: Правен систем на Република Македонија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мобинг