Потсдам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 163:
 
Постојат и неколку истражувачки центри, вклучувајќи ги тие на [[Институт Фраунхофер|институтот Фраунхофер]] за истражување на полимер и биомедицинско инженерство; на [[Институт Макс Планк|институтот Макс Планк]] за гравитациска физика (''Институт Алберт Ајнштајн''), за колоиди и за молекуларна физиологија; германскиот истражувачки центар за геонауки; потсдамскиот астрофизички институт; институт за напредни студии за одржливост и потсдамскиот институт за истражување на влијанието на климата.
 
== Главни знаменитости ==
 
[[Податотека:Potsdam - Schloss Sanssouci mit Weinberg 2005 2.jpg|мини|[[Сансуси|Дворец Сансуси]].]]
 
Историски гледано, Потсдам бил средиште на европската имиграција. Неговата верска слобода ги привлекла луѓето од Франција, Русија, Холандија и Бохемија. Ова е сè уште видвливо во културата и архитектурата на градот.
 
Најпозната знаменитост на Потсдам е [[Парк Сансуси|Паркот Сансуси]], 2 километри западно од центарот на градот. Во 1744 кралот [[Фридрих Велики]] ја наредил изградбата на својата резиденција тука, каде можел да живее ''sans souci'' („без грижи“ на француски, кој бил говорен од страна на благородниците). Паркот поседува ботаничка градина и многу други прекрасни градби:
 
* [[Сансуси|Дворецот Сансуси]] (''Schloss Sanssouci''), релативно современ дворец на пруското кралско и германското царско семејство.
* [[Оранжериски дворец|Оранжерискиот дворец]] (''Orangerieschloss''), поранешен дворец за странски кралски гости.
* [[Нов дворец (Потсдам)|Новиот дворец]] (''Neues Palais''), граден помеѓу 1763 и 1769 со цел прослава на крајот на [[Седумгодишна војна|Седумгодишната војна]], во која [[Прусија]] ја избркала [[Австрија]] од нејзината улога како доминантна сила во германските работи. Дворецот е многу поголем и пограндиозен од Сансуси, има над 200 соби и 400 статуи како украси. Служела како гостинска куќа за бројните кралски посетители. Сега во дел од нејзе се наоѓа [[Потсдамски универзитет|Потсдамскиот универзитет]].
* [[Дворец Шарлотенхоф|Дворецот Шарлотенхоф]] (''Schloss Charlottenhof''), неокласичен дворец од [[Карл Фридрих Шинкел]] изграден во 1826.
* [[Римски бањи (Потсдам)|Римските бањи]] (''Römische Bäder''), изградени од Карл Фридрих Шинкел и Лудвиг Перзиус во 1829-1840. Тоа е низа на згради, кои вклучуваат павилјон за чај, ренесансна вила и римска бања (од каде потекнува името на целиот комплекс).
* [[Кинеска куќа (Потсдам)|Кинеската кужа за чај]] (''Chinesisches Teehaus''), павилјон од 18 век изграден во [[Кина|кинески]] стил, модерно во тоа време.
 
Три порти од првобитните градски ѕидини се останати и денес. Најстарата е Ловечката порта (''Jägertor''), изградена во 1733. Науенската порта била изградена во 1755 близу историскиот холандски кварт. Китнестата [[Бранденбуршка порта (Потсдам)|Бранденбуршката порта]] (изградена во 1770, немојте да ја помешате со [[Бранденбуршка порта|Бранденбуршката порта]] во Берлин) се наоѓа на плоштадот Луизен на западниот влез во стариот град.
 
[[Податотека:Potsdam St. Nikolaikirche 2005.jpg|мини|лево|Фортунапортал (''Fortunaportal'') и црквата Св. Никола на Стариот плоштад (''Alter Markt'')]]
[[Податотека:Potsdam Brandebburger str.jpg|мини|лево|Стариот град (главната шопинг улица, „Бранденбуршка улица“ (''Brandenburger Straße''))]]
 
Стариот плоштад (''Alter Markt'') е историски центар на градот. Три века била местото на кое се наоѓал [[Градски замок (Потсдам)|Градскиот замок]] (''Stadtschloß''), кралски дворец изграден во 1662. Под водство на Фридрих Велики, дворецот станал зимска резиденција на пруските кралеви. Дворецот бил сериозно оштетен при бомбардирањето во 1945 и уништен во 1961 од [[Комунизам|комунистичките]] власти. Во 2002, Портата Фортуна (''Fortunaportal'') била повторно изградена на нејзиното историско место, што било првиот чекор кон обновата на дворецот.
 
На Стариот плоштад, денес преовладува куполата на [[Црква Св. Никола (Потсдам)|Црквата Св. Никола]] (''Nikolaikirche''), изградена во 1837 во класичен стил. Била последното дел на [[Карл Фридрих Шинкел]], кој ја проектирал зградата, но не доживеал да го види нејзиното завршување. Била завршена од неговите ученици [[Фридрих Август Штилер]] и [[Лудвиг Перзиус]]. На источната страна на плоштадот се наоѓа Старото градско собрание (''Altes Rathaus''), изградено во 1755 од [[Холандија|холандскиот]] архитект Јан Буман (1706–1776). Има карактеристична кружна кула, крунисана со позлатен [[Атлас (митологија)|Атлас]], кој го носи светот на своите рамена.
 
[[Податотека:Potsdam - Brandenburger Tor - Feldseite - 2013.jpg|мини|Потсдамската [[Бранденбуршка порта (Потсдам)|Бранденбуршка порта]]]]
[[Податотека:Dutcharchitecture9.png|мини|десно|Холандски кварт]]
 
Северно од Стариот плоштат е овалната Француска црква (''Französische Kirche''), изградена во 1750-тите од Буман за [[Хугеноти|хугенотската]] заедница.
 
Друга знаменитост на Потсдам е [[Холандски кварт|Холандскиот кварт]] (''Holländisches Viertel''), збирка на куќи кои се посебни во Европа, околу 150 куќи изградени од црвени тули во холандски стил. Биле изградени помеѓу 1734 и 1742 под водство на Јан Буман, кои се користеле од холандски мајстори и занаетчии, кои биле повикани да се населат тука од Фридрих Вилхелм I. Денес, областа е еден од најпосетуваните делови на Потсдам.
 
Северно од центарот на градот е [[Русија|руската]] колонија Александровка, мала енклава на руска архитектура (вклучувајќи [[Руска Православна Црква|православна]] капела) изградена во 1825 за група на руски имигранти. Од 1999, колонијата е дел од [[Светско наследство на УНЕСКО|светското културно наследство]] на [[УНЕСКО]].
 
Источно од колонијата Александровка има голем парк, [[Нова градина (Потсдам)|Нова градина]] (''Neuer Garten''), кој бил уреден во 1786 во [[Англија|англиски]] стил. Местото содржи два дворци; еден од нив, [[Сесилинхоф]], е местото каде се одржала [[Потсдамска конференција|Потсдамската конференција]] во јули и август 1945. [[Мермерен дворец (Потсдам)|Мермерниот дворец]] (''Marmorpalais'') бил изграден во 1789 во [[Класицизам|класицистички]] стил. Во близина е Биосфера Потсдам, тропска ботаничка градина.
 
Друг занимлив округ на Потсдам е [[Потсдам-Бабелсберг|Бабелсберг]], кварт југоисточно од центарот, каде се наоѓаат филсмките студии на ''Universum Film AG'' ([[Студио Бабелсберг]]) и голем [[Парк Бабелсберг|парк]] со историски градби, како што се Дворецот Бабелсберг (''Schloß Babelsberg'', [[неоготски]] дворец проектиран од Шинкел).
 
Научниот парк Алберт Ајнштајн е местото каде се наоѓа [[Кула Ајнштајн|Кулата Ајнштајн]], кој се наоѓа на врвот на Телеграфенберг (''Telegraphenberg'').
 
Постојат многу паркови во Потсдам, најголем дел од нив вклучени во светското културно наследство на УНЕСКО. Некои од нив се:
 
<gallery caption="Паркови во Потсдам">
Податотека:Potsdam BelvedereKlausberg1.jpg|Белведере близу Сансуси
Податотека:Hunting Lodge Glienicke_2.jpg|Поглед на паркот Бабелсберг на Берлин
Податотека:Chinesisches Teehaus Potsdam Sanssouci.jpg|Кинеска куќа за чај
</gallery>
 
Потсдам исто така има меморијален центар за поранешниот затвор на [[КГБ]].
 
[[Податотека:Potsdam Kaiserbahnhof Gebaeude 2.jpg|мини|десно|Царска железничка станица (''Kaiserbahnhof'') во Паркот Сансуси]]
 
== Сообраќај ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Потсдам