Потсдам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 71:
=== Административен округ Потсдам ===
 
Помеѓу 1815 и 1945, градот Потсдам служел како главен град на административниот округ Потсдам ({{lang-de|''[[Административно подрачје (Германија)|Regierungsbezirk]]}}''). Административниот округ се состоел од поранешните окрузи [[Укермарк]], Марк Пригниц и голем дел од Курмарк. Бил сместен помеѓу [[Мекленбург]] и [[Покраина Померанија (1815–1945)|Померанија]] на север и [[Покраина Саксонија|Саксонија]] на југ и на запад бил ([[Берлин]], кој бил урбан округ и енклава во рамките на округот помеѓу 1815 и 1822, потоа припоен како урбан округ во округот и повторно откинат од Потсдам во 1875, станувајќи посебна единица на 1 април 1881). На северозапад, округот се граничел со реките [[Елба]] и Хафел, а на североисток со [[Одра]]. Југоисточната граница била со соседниот административен округ Франкфурт на Одра. Околу половина милион жители живееле во целиот округ, кој покривал област од околу 20.700 км², поделен на тринаесет рурални окрузи, делумно именувани по нивните административни седишта:<ref name=Curtis-1839>Thomas Curtis (1839). ''The London encyclopaedia, or, Universal dictionary of science, art, literature, and practical mechanics, by the orig. ed. of the Encyclopaedia metropolitana'' Volume XVIII, [http://books.google.co.uk/books?id=OEr68dC6RLEC&pg=PA11&dq=%22Potsdam%22 p. 11]</ref>
 
{|class="wikitable" style="text-align: center;" style="margin: 1em auto 1em auto"
Ред 94:
|Потсдам||[[Ратенов]] (од 1925)||[[Шпандау]] (1886–1920)||[[Витенберге]] (од 1922)
|}
 
=== Потсдам во 20 век ===
 
[[Берлин]] бил службен главен град на [[Прусија]] и подоцна на [[Германско царство|Германското царство]], но судот останал во Потсдам, каде живееле многу владини службеници. Во 1914, царот [[Вилхелм II (Германија)|Вилхелм II]] ја потпишал објавата за војна во Новиот дворец. Градот го загубил својот статус на втор главен град во 1918, кога царот абдицирал на крајот на [[Прва светска војна|Првата светска војна]].
 
На почетокот на [[Трет Рајх|Третиот Рајх]] во 1933 се случило церемонијално ракување помеѓу претседателот [[Паул фон Хинденбург]] и новиот канцелар [[Адолф Хитлер]]. Ракувањето се случило на 21 март 1933 во Гарнизонската црква во Потсдам и подоцна било наречено „Денот на Потсдам“. Ова го симболизира сојузот на војската (''[[Рајхсвер|Reichswehr]]'') и [[Нацизам|нацизмот]]. Потсдам бил тешко оштетен при бомбардирањето во текот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]].
 
[[Податотека:Potsdam conference 1945-6.jpg|мини|лево|[[Потсдамска конференција]] во 1945 со [[Винстон Черчил]], [[Хари Труман]] и [[Јосиф Сталин]]]]
 
[[Сесилинхоф|Дворецот Сесилинхоф]] бил местото на [[Потсдамска конференција|Потсдамската конференција]], која се одржувала од 17 јули до 2 август 1945, на која победничките сојузнички лидери ([[Хари Труман]]; [[Винстон Черчил]] и неговиот наследник, [[Клемент Атли]] и [[Јосиф Сталин]]) се сретнале да ја одлучат иднината на Германија и повоена Европа. Конференцијата завршила со [[Потсдамски договор|Потсдамскиот договор]] и [[Потсдамска конференција|Потсдамската декларација]].
 
[[Податотека:Glienicker Brücke2.JPG|мини|Мостот Глинике, користен за размена на шпиони во текот на [[Студена војна|Студената војна]]]]
 
Владата на [[Источна Германија]] (службено позната како [[Германска Демократска Република]] (германски: ''Deutsche Demokratische Republik'', DDR)) се обидела да ги отстрани симболите на прускиот [[милитаризам]]. Многу историски градби, некои од нив тешко оштетени во војната, биле урнати.
 
Кога во 1946, остатокот на покраината Бранденбург западно од линијата Одра-Ниса била создадена како покраина [[Бранденбург]], Потсдам станал нејзин главен град. Во 1952, ГДР ги распуштила своите сојузни покраини и ги заменила со помали нови [[Окрузи на Источна Германија|окрузи]]. Потсдам станал главен град на новиот [[Округ Потсдам|истоимен округ]] до 1990.
 
Потсдам, југозападно од Берлин, се наоѓал надвор од [[Западен Берлин]] и бил одвоен од него по изградбата на [[Берлински ѕид|Берлинскиот ѕид]]. Ѕидот со Западен Берлин не само што го изолирал Потсдам од Западен Берлин, туку и двојно го зголемил времето за патување кон [[Источен Берлин]]. Мостот Глинике преку Хафел го поврзувал градот со Западен Берлин и бил средиште на некои размени на шпиони во текот на [[Студена војна|Студената војна]].
 
По [[Повторно обединување на Германија|повторното обединување на Германија]], Потсдам станал главен град на новосоздадената покраина [[Бранденбург]]. Постоеле многу идеи и биле вложени многу напори за обнова на првобитниот изглед на градот, најмногу со [[Градски замок (Потсдам)|Градскиот замок]] и Гарнизонската црква.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Потсдам