Ерфурт: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 326:
[[Податотека:Michaelisstraße Erfurt.JPG|мини|Улицата Михаел е позната како хроника на Ерфурт]]
* Трговскиот мост или Кремербрике (''Krämerbrücke'') е најпознатата знаменитост на Ерфурт. Овој мост од 15 век е целосно покриен со градби и единствен во Европа, северно од Алпите. Денес, внатре во куќите постојат некои занаетчиски работилници и сувенирници.
* Катедралниот плоштад (''Domplatz'') е најголемиот плоштад во Ерфурт и еден од најголемите историски главни плоштади во Германија. Катедралата и Црквата Св. Север на неговиот западен дел се достапни преку катедралните скали („Domstufen“), големи надворешни скалила. На северната страна се наоѓа судот, историциска градба од 1880. Источната и јужната страна се опградени со модерни трговски куќи. На плоштадот е фонтаната Минерва од 1784 и обелискот Ертал од 1777. Катедралниот плоштад е главната локација на Божиќниот пазар во Ерфурт во текот на декември и место на Фестивалот Катедрални скали („DomStufen-Festival“), театарски летен фестивал на отворено.
* Рибарскиот плоштад (''Fischmarkt'') е главниот плоштад во центарот на градот. Опкружен е од ренесансни трговски куќи и градското собрание, неоготска градба од 1882. Во средината на плоштадот е скулптурата Римјанин („Römer“), симбол на независноста на градот, поставена од граѓаните во 1591.
* Малиот плоштад (''Wenigemarkt'') е мал плоштад на источната страна на реката Гера (спроти Рибарскиот плоштад на западната страна), опкружен од модерни трговски куќи. Фонтаната на овој плоштад со скулптурата „Парталави момчиња“ била поставена во 1975. Денес, Малиот плошта е познат како тивок плоштад со разни кафулиња и барови. Веднаш со Малиот плоштад во улицата Футер е градбата во која се одржал Ерфуртскиот конгрес во 1808.
* Ангер (''Anger'') е развлечен плоштад во источниот дел на центарот на градот. Сите трамвајски линии се поврзани тука, па така станал нов центар на градот во текот на 20 век со многу важни градби. На неговата северна страна е главната пошта, изградена во 1886 во неоготски стил со нејзината позната саат-кула. На североисток постои споменикот на Мартин Лутер од 1889 пред Трговската црква. Помеѓу црквата и манастирот Урсулин се наоѓа стоковната куќа Ангер 1 од 1908. На јужната страна веднаш до улицата Штацион е музејот Ангер, музејот за историја на уметноста во Ерфурт, кој е сместен во барокната палата од 1711. Западниот дел на плоштадот Ангер е опкружен од големи историциски бизнис градби од крајот на 19 век. На западниот крај на плоштадот се наоѓа фонтаната Ангербрунен од 1890. Језуитскиот колеџ близу улицата Шлесер бил изграден во 1737 и користен до забраната на Језуитите во 1773.
* Плоштадот [[Вили Брант]] е јужната порта кон центарот на градот пред главната железничка станица. Спроти станицата е поранешниот хотел „Ерфуртер Хоф“ („Erfurter Hof“), каде се случила првата средба помеѓу двата германски канцелара во 1970. На западната страна е зградата на старата станица Ерфурт (1847-1895) со саат-кула и поранешното седиште на Тирингиската Железница.
* Еленска градина (''Hirschgarten'') е мал парк пред седиштето на владата на Тирингија во западниот дел од центарот. Седиштето на министерот-претседател е ренесансно-барокната палата од 17 век („Kurmainzische Statthalterei“).
* Улицата Михаел (''Michaelisstraße'') е позната како хроника на Ерфурт, поради многуте средновековни градби. Таа е главна улица во латинскиот кварт околу стариот универзитет и денес една од омилените места за ноќен живот на жителите на Ерфурт поради многубројните барови, ресторани и кафулиња. Главната зграда на стариот универзитет, ''Collegium Maius'', била изградена во 1515, уништена во бомбардирањето во 1945 и повторно изградена во 1999.
* Улицата Јуриј Гагарин е градска обиколница околу поранешните градски ѕидини. Улицата била воспоставена во 1890-тите со затворање на ракав на реката Гера. Градбите долж улицата потекнуваат од разни епохи на 20 век, вклучувајќи неколку станбени солитери од времето на ГДР. На улицата се наоѓала поранешната Голема болница, основана во 14 век. Денес претставува музеј на современа уметност и културна антропологија.
* Квартот Св. Андреј (''Andreasviertel'') е мал кварт во северниот дел на центарот на градот помеѓу Катедралниот плоштад на југозапад и улицата Морицвал на североисток. Порано бил занаетчиски кварт со тесни сокаци и стари мали куќи (од 16 и 17 век). Во текот на 20 век постоеле планови за рушење на квартот поради лошите услови за домување. По 1990, куќите биле обновени од приватни лица, па така денес е еден од најомилените квартови за живеење.
<gallery>
Податотека:Krämerbrücke Erfurt II, Germany2.jpg|
Податотека:P1010412-Montage.jpg|
Податотека:Haus zum Roten Ochsen Fischmarkt.jpg|
Податотека:Wenigemarkt Erfurt.JPG|
Податотека:Hauptpost Erfurt2.JPG|
Податотека:Angermuseum Erfurt2.JPG|
Податотека:2011-05-19-erfurt-by-RalfR-44.jpg|
</gallery>
<!--'''Fortifications:'''
[[Податотека:LuftbildPetersberg.jpg|thumb|Petersberg Citadel]]
|