Штокавско наречје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Andreina (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Andreina (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Штокавското наречје''' зафаќа најголем дел од српскохрватската јазична територија. Тоа се протега низ цела [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Босна и Херцеговина]] и во голем дел од [[Хрватска]], источно и југоисточно од нејзините [[чакавски]] и [[кајкавски]] наречја. Северозападната и северната граница на штокавското наречје ја сочинуваат линијата од Јадранското Море до реката Драва: Нови Винодол - Огулин - Карловац - Сисак - Бјеловар - Вировитица, каде што ова наречје е во допир со чакавското и кајкавското. Од таа линија штокавското наречје го исполнува целиот простор кон исток меѓу јадранскиот брег (оставајќи му на чакавскиот само тенок појас на делот на брегот од Задар до Омиш и до половината на островот Пељешац, како и до островот Млет и Дубровничкото приморје) и до државните граници со Унгарија, Романија, Бугарија, до границата со [[македонскиот јазик]] и државните граници со Албанија. Со ова наречје зборуваат и српските односно хрватските национални малцинства во Унгарија, Романија и Италија.
Врз осонва на тоа со кој од гласовите е заменет стариот глас [[јат]], штокавското наречје се дели на [[екавскиЕкавски]], [[(иИ)јекавски]] и [[икавскиИкавски]] изговор, а во однос на развојот на акцентот и формата - на постари штокавски дијалекти и помлади штокавски дијалекти (новоштокавски).
 
[[Категорија: Лингвистика]]