Славко Јаневски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
'''Славко Јаневски''' ([[Скопје]], [[11 јануари]] [[1920]] — Скопје, [[20 јануари]] [[2000]]) бил истакнат македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на [[МАНУ]] и [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писатели на Македонија]]. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по [[Втората светска војна]], која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „[[Селото зад седумте јасени]]“ (1952) е првиот роман објавен на стандарден [[македонски јазик]].
 
Поради својата плодна творечка кариера, Јаневски бил одликуван со поголем број награди и признанија, меѓу кои наградите „[[Награда „АВНОЈ“|АВНОЈ]]“, „[[Награда „11 Октомври“|11 октомври]]“ и Златен венец на [[Струшките вечери на поезијата]]. Во негова чест во градскиотпаркот парк„Жена-борец“ во [[Скопје]] е поставен споменик изработен од академик Томе Серафимовски. Покрај тоа, во негова чест е именувана и читална во Скопје, која била пуштена со работа во 2013 година.
 
Во 2013 година, Комисијата за лустрација на Македонија објавила дека дошла до заклучок дека Славко Јаневски бил соработник на Југословенската тајна служба. Ова резултирало со остри реакции и неприфаќање на одлуката од страна на [[МАНУ]], [[Друштво на писателите на Македонија|ДПМ]], и пошироката македонска јавност.
Ред 50:
 
== Награди и признанија ==
Славко Јаневски e добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои: [[Награда „АВНОЈ“|„АВНОЈ“]] ([[1968]]); [[Награда „11 Октомври“|„11 Октомври“]]; наградата на [[Струшки вечери на поезијата|СВП]] „[[Браќа Миладиновци]]“; наградата на градот [[Скопје]] [[„13 Ноември“]]; [[„Кочо Рацин“]]; „Македонско слово“; наградата за книжевен опус на [[ИРО „Мисла“]] и [[„Мирослав Крлежа“]].<ref>[http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=mac&id=151 Блесок]</ref> Исто така, тој е добитник на две златни арени за сценарио на филмскиот фестивал во [[Пула]], за филмовите „[[Волчја ноќ]]“ ([[1955]]) и „[[Македонскиот дел од пеколот]]“ ([[1974]]).
Во спомен на неговото дело, на 29 јануари 2010 во паркот „Жена-борец“ во Скопје бил откриен негов споменик, дело на академскиот скулптор [[Томе Серафимовски]]. Исто така во Општина Центар во 2013 година била отворена читална именувана во чест на истакнатиот македонски писател.