Италијанска култура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 254:
 
==Познати Италијанци==
 
{{Главна|Италијанци|Список на Италијанци}}
 
[[Податотека:Leonardo self.jpg|мини|лево|[[Леонарно да Винчи]], еден од најголемите гении во историјата]]
 
Уште од римски времиња Италијанскиот полуостров бил во центар на развојот на западна култура<ref name="Worldmark encyclopedia of the nations (Volume 5)">[http://books.google.it/books?ei=tmEFUJS4PI3P4QT0htW7CQ&hl=it&id=CYOyAAAAIAAJ&dq= ''Worldmark encyclopedia of the nations.''] Gale Research, 1995. p. 241. Web. 17 Jul. 2012.</ref>. Важни поети од римскатаРимската републикаРепублика и империја се [[Лукрециј]], [[Катул]], [[Вергилиј]], [[Хорас]] и [[Овидиј]]. Исто така познати во латинската литература биле говорникот [[Цицерон]], сатиричарот [[Јувенал]], прозните писатели [[Плиниј Постариот]], неговиот внук [[Плиниј Помладиот]] и историчарите [[Салуст]], [[Ливиј]] и [[Светониј]]. [[Гај Јулиј Цезар]], познат како историчар и прозаист, е попознат како воен и политички лидер. Првиот римски император бил [[Октавијан]], познат како почесен [[Август]]. Интересно е дека помеѓу подоцнежните императори биле тираните [[Калигула]] и [[Нерон]], филозофотфилософот [[Марко Аврелиј]] и [[Константин I]], кој бил првиот што го прифатил христијанството.
 
Во ниту една земја немало толкав придонес за визуелните уметности. Во 13 и 14 век најпознати уметници биле скулпторот [[Никола Пизано]] и неговиот син [[Џовани]], сликарите [[Чимабуе]], [[Дучио]] и [[Ѓото]]. Помеѓу највлијателните уметници во 15 век – златната ера на Фиренца и Венеција – биле архитектите [[Филипо Брунелески]], [[Лоренцо Гиберти]] и [[Леон Батиста Алберти]], скулпторите [[Донатело]], [[Лука дела Робиа]], [[Дезидерио де Сетињано]] и [[Андреа дел Верочио]] и сликарите [[Фра Анџелико]], [[Стефано ди Џовани]], [[Паоло Учело]], [[Масачио]], [[Фра Филипо Липи]], [[Пиеро дела Франческа]], [[Џовани Белини]], [[Андреа Мантења]], [[Лука Сињорели]], [[Пјетро Перуџино]], [[Сандро Ботичели]] и [[Виторе Карпачо]].
 
Во 16 век за време на ренесансата, Рим и Фиренца ја имале водечката позиција во светот на уметноста. Големи маестри од овој период биле архитектите [[Донато Браманте]] и [[Андреа Паладио]]; скулпторот [[Бенвенуто Челини]]; сликар-дизајнер-пронаоѓач [[Леонардо да Винчи]]; сликар-скулптор-архитект [[Микеланџело Буонароти]] и сликарите [[Титан]], [[Рафаел]], [[Андреа дел Сарто]] и [[Антонио да Кореџио]].
 
Водечки уметници во барокниот период биле скулптори-архитекти [[Џан Лоренцо Бернини]] и [[Франческо Боромини]]; сликарите [[Караваџо]], [[Џовани Батиста Тјеполо]], [[Каналето]], [[Пјетро Лонги]] и [[Франческо Гарди]].