Брајан Меј: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Оља (разговор | придонеси)
Оља (разговор | придонеси)
Ред 41:
За нивниот албум ''[[The Miracle]]'' издаден во 1989 година, бендот одлучил сите нивни песни да бидат препишани на целиот бенд без разлика кој бил главниот автор. Сепак, интервјуата и музичките анализи биле насочени да помогнат да се препознае придонесот на секој член од секоја песна. Меј ја компонирал „I Want It All“ за тој албум како и „Scandal“ (заснован на неговите лични проблеми со британскиот печат). За остатокот од албумот, тој не учествувал толку креативно иако помогнал во создавањето на основата на „[[Party]]“ и „[[Was It All Worth It]]“ (двете претежно на Меркјури) и го создал рифот на „[[Chinese Torture]]“.
 
Следниот албум на Квин бил ''[[Innuendo]]'' со кој придонесот на Меј се зголемил иако во повеќето случаи повеќе во аранжман отколку во пишување текст; за насловната песна тој направил дел од аранжманот за тешкото соло, потоа ги додал вокалните хармонии за „[[I'm Going Slightly Mad]]“ и го компонирал солото на [[„These Are the Days of Our Lives“]], песна за која што сите четворица ги одбрале деловите на клавијатурите заедно. Тој го сменил темпото и тоналитетот на песната на Меркјури „[[The Hitman]]“ и ја земал во свои раце и дури и го пее придружниот вокал на демото. Меј исто така и помогнал во пишувањето на некои од гитарските линии на „[[Bijou]]“.
 
Две песни кои Меј ги компонирал за неговиот прв соло албум, „[[Headlong]]“ и „[[I Can't Live With You]]“, на крај завршиле на проектот на Квин. Друга негова композиција била „[[The Show Must Go On]]“, заеднички труд во кој тој бил координатор и главен композитор, но во кој сите имале придонес, Дикон и Тејлор со својот познат акордски дел. Во последниве години, тој ги надгледувал римастерингот на албумите на Квин и различните ДВД изданија и издавањето на најголеми хитови. Во 2004 година објавил дека тој и неговиот тапанар Роџер Тејлор ќе одат на турнеја за прв пат по 18 години како Квин заедно со пејачот на Фри/Бед Компани, [[Пол Роџерс]]. Именувани како „[[Квин + Пол Роџерс]]“, бендот во текот на 2005 и 2006 година настапувал во Јужна Африка, Европа, Аруба, Јапонија и Северна Америка и го издал новиот албум со Пол Роџерс во 2008 година насловен како ''[[The Cosmos Rock]]''. Албумот бил пропратен со огромна турнеја.