Разлика помеѓу преработките на „Минхаузенов синдром“

Додадени 1.996 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
}}
[[Податотека:Dore-munchausen-illustration.jpg|мини|десно|Барон Минхаузен - германски барон според кој е именуван овој синдром, за кој се мисли дека бил најголемиот лажго во историјата на човештвото ]]
Синдромот на Минхаузен претставува сериозно ментално пореметување кое што кај личноста што има многу голема и длабока потреба за внимание се преправа дека е болна или намерно се разболува или повредува. Луѓето кои што патат од синдромот на Минхаузен можат да измислат симптоми, да иницираат ризични активности или да пробаат да ги фалсификуваат лабораториските тестови со цел да добијат симпатија и загриженост кон себе.<ref>{{Cite journal|author=Krahn LE, Bostwick JM, Stonnington CM |title=Looking toward DSM-V: should factitious disorder become a subtype of somatoform disorder? |journal=Psychosomatics |volume=49 |issue=4 |pages=277–82 |year=2008 |pmid=18621932 |doi=10.1176/appi.psy.49.4.277 |url=}}</ref>
 
Синдромот на Минхаузен се наоѓа во групата на состојби, наречени фикциони пореметувања (измислени пореметувања). Фикционите пореметувања можат да бидат од психолошки или физички карактер. Синдромот на Минхаузен се наоѓа во групата на најтешки и хронични физички форми на фикционите пореметувања. Синдромот е многу мистериозен и многу тешко се лекува.<ref>{{cite book | title=Essentials of psychiatry | publisher=John Wiley & Sons, Ltd. | author=Jerald Kay and Allan Tasman | year=2006 | pages=680 | isbn=0-470-01854-2}}</ref> Сепак, медицинската помош е критична во превенцијата на сериозни повреди, па дури и смртни последици настанати како причина на самоповредување, што е карактеристика типична за синдромот на Минхаузен.
==Симптоми==
Симптомите на синдромот цело време се фокусираат на измислување или продукција на болест или повреда со цел да се задоволат длабоките емоционални потреби. Луѓето кои што страдаат од овој синдром во голема мера се обидуваат да ја сокријат својата лажна состојба, па така понекогаш е многу тешко да се открие дека нивните симптоми се всушност дел од сериозното ментално пореметување.
 
Синдромот на Минхаузен не се поклопува со измислувањето на медицински проблеми со цел да се оствари некоја придобивка, како на пример земањето на слободен ден од работа. Исто така, не се поклопува ниту со хипохондријата, бидејќи луѓето кои што страдаат од хипохондрија навистина веруваат дека се болни, додека луѓето кои што го имаат синдромот на Минхаузен не се болни, но сакаат да бидат болни.<ref>{{cite book | title=Kaplan & Sadock's Comprehensive Textbook of Psychiatry (2 Volume Set) | publisher=Lippincott Williams & Wilkins Publishers | author=Benjamin J. Sadock (Editor), Virginia A. Sadock (Editor) | year=7th edition (January 15, 2000) | pages=3172 | isbn=0683301284}}</ref>
 
Симптомите на Минхаузеновиот синдром може да вклучат:
Луѓето кои што го имаат овој синдром ги измислуваат симптомите или ја предизвикуваат болеста на неколку начини, вклучувајќи:
*'''Измислени медицински истории'''. Можат на своите блиски или на докторите да им презентираат лажна медицинска историја, како што е тврдењето дека имаат рак или ХИВ.
*'''Глумење симптоми'''. Можат да ги глумат симптомите како што се стомачна болка, вртоглавица, онесвестување или онесвестувањеаритмија.<ref>Staff, Mayo Clinic. "Munchausen Syndrome." Mayo Clinic. Mayo Foundation for Medical Education and Research, 13 May 2011. Web. 11 Apr. 2013.</ref>
*'''Самоповредување'''. Можат да се повредат или намерно да предизвикаат болест како што е на пример, инјектирањето на бактерии, млеко, бензин или фецес. Можат намерно да се исечат или изгорат. Можат да земаат лекови кои што ги имитираат болестите, како што се лекови за намалување на згрутчувањата во крвта, хемотераписки лекарства и лекови за дијабетес.
*'''Не го дозволуваат зараснувањето на раните'''. Повторно ја отвораат залечената рана.
*Загуба на сакана личност поради смрт, болест или напуштање која што се случила во раните години од животот
*Неисполнета желба да се биде доктор или друг вид на медицински персонал
*Работа во здравствена установа<ref>Staff, Mayo Clinic. "Munchausen Syndrome." Mayo Clinic. Mayo Foundation for Medical Education and Research, 13 May 2011. Web. 11 Apr. 2013.</ref>
*Нарушувања на личноста
 
Иако не постојат стандардни третмани за синдромот на Минхаузен, третманот често пати се фокусира на менаџирање на состојбата отколку на обидување за нејзино излекување. Третманите најчесто вклучуваат психотерапија и бихејвиорална терапија. Ако е можно, може да се вклучи и семејна терапија.
 
Лекарствата можат да се користат за лекување на другите ментални пореметувања кои што исто така се присутни како што се депресијата или анксиозноста. Во многу од случаите, може да биде неопходна привремена хоспитализација во психијатриска установа.<ref>Johnson BR, Harrison JA. Suspected Münchausen syndrome and civil commitment. J Am Acad Psychiatry Law. 2000; 28:74-76.</ref>
===Животен стил и домашни лекарства===
Пребродувањето на синдромот на Минхаузен е тешко. За оние кои што се способни да превземат чекори кон подобрувањето на состојбата, следните насоки можат да им бидат од помош:
== Наводи ==
{{наводи}}
==Надворешни врски==
{{никулец}}
*[http://www.Munchausen.com/ Dr. Marc Feldman's Münchausen Syndrome, Malingering, Factitious Disorder, & Münchausen by Proxy Page] - Страницата нуди информации за синдромот на Минхаузен и за неговите други имиња. Исто така, нуди информации за книгата на д-р Филдмен и неговиот е-Маил.
*[http://discovermagazine.com/1993/jul/thebaronstrikesa243 Article in Discover magazine, July 1993, by Abigail Zuger]
*[http://www.guardian.co.uk/lifeandstyle/2011/feb/26/faking-illness-online-munchausen Sick note: Faking illness online] - за „Синдромот на Минхаузен на интернет“. ''[[The Guardian]]'', 26 Фебруари 2011
[[Категорија:Болести]]
[[Категорија:Психологија]]
182

уредувања