Хепатит А: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
 
==Етиологија==
Акутните вирусни хепатити се акутни вирусни заболувања предизвикани од акутни [[инфекции]], предизвикани од специфични хепатотропни вируси, кои што предизвикуваат дифузно воспаление на црниот дроб. Тоа се група на заболувања кои се распространети низ целиот свет и имаат слични клинички, биолошки и морфолошки карактеристики. Најмалку пет од хепатотропните вируси причинуваат акутен вирусен хепатитис кај луѓето: А, B, C, D и Е. Тие се добро карактеризирани и предизвикуваат околу 90% од акутните и 95% од хроничните вирусни хепатитиси (табела1). Други хепатитиси како што се F и G можат да бидат причинители на хепатит. При инфективна мононуклеоза, CMV, жолта треска и др. воспалениоето на црниот дроб не е единствена или основна појава на заболувањето. Вирусот на '''Hepatitis virosa acuta''' тип B припаѓа во '''Hepadnaviridae'''. Потполниот вирус е познат како '''Данеова партикула''' и има сферичен облик со големина од 42nm. Геномот на вирусот претставува нуклеокапсид со шестоаголен облик во кој е содржана [[DNK]], а на нека ковалентно се врзани DNK полимераза и протеин киназа. Поседува обвивка со дебелина од 7nm, која е составена од липиди, протеини и јагленохидрати. На 60°C останува жив над четири часа. Данеовата партикула претставува комплетен вирус и е инфективна. Некомплетните партикули можат да се појават во крвта во облик на HbsAg во тубуларен или сферен облик и имаат големина од 16-25nm. Врз основа на различните аминокиселини кои можат да бидат содржани во обвивката, идентификувани се неколку подтипови на овој антиген и тоа: adw, ayw, adr, ayr. Во јадрото на вирусот се наоѓаат два антигени а тие се: HbcAg и HbeAg. На овие антигени организмот создава соодветни антитела.
 
==Епидемиологија==