Масовни медиуми: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 78 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q11033 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
Во поново време е развиен систем за пренос на текст преку FM радио, таканаречен RDS што значи Радио Дата Сервис.
Преку овој сервис радата со [[приказник]] можат да читаат текстови кои се праќаат од радио станиците како на името на радиото, контакт телефон, поважни вести, информација за времето па и иминјата на песните кои свират. Друга предност е тоа што ако патувате нема потреба да ги менувате фрекфенциите рачно на одредено радио туку вашето радио добива информација од предавателот кој веке го губи сигналот дека има груг предавател во близина со соодветна фрекфенција и менувањето е автоматско.
Напомена: за да уживате во предностите на RDS треба радио станицата да користи RDS систем.
 
Во најново време радиото почнува да се дигитализира па така FM радиото ќе биде заменето со DAB (Digital Audio Broadcasting) според основачите DAB нуди подобар квалитет на звук и заштеда на фрекфентниот опсег. Наместо кај FM кој ги користи фрекфенциите од 87,5 до 108 MHz, DAB користи по високи фрекфенции и тоа од 175 до 230 MHz. Денес овие фрекфенции се користат уште за аналогна телевизија
Ред 52 ⟶ 51:
Фрекфенциите кои ги користи телевизијата се поделени во неколку опсези и тоа според западниот стандард (CCIR) VHF-L од 48,25 до 67,75 MHz и кои содржи 3 канали со ширина од 7MHz, VHF-H од 175,25 до 225,75 MHz и кои содржи 7 канали со ширина од 7MHz и UHF од 471,25 до 860,75 MHz и кои содржи 48 канали со ширина од 8MHz
Денес VHF-L скоро и да не се користи повеке за телевизија а во Македонија само на Пелистер иа еден предавател на 4-та канал за МТВ-1
 
== Функција ==
Потребата од проучување на функцијата на медиумите е поврзана со основните прашања и концепти на медиумската писменост . Функцијата на медиумите е да пренесуваат креирани пораки од некој, создадени за да го привлече вниманието на публиката, да пренесат ставови ,но и така да се обидат да ги наметнат . Сето ова е со намера да постигне некаква цел, без разлика дали е социјална, економска, политичка итн. Публиката треба да знае за функциите на медиумите, за да може полесно да ги анализира и сфати медиумските пораки, да разбере зашто се создадени и да ја разбере намерата на оној кој ја испратил пораката. Додека весникот како прв масовен медиум имал функција само да да се информира, подоцна со развојот на граѓанското општество, функцијата се променила и се проширила неговата улога. Денес, во демократските општества, медиумите имаат задача информирање на јавноста за работата на органите. Улогата на медиумите е да се промовира различноста на мислење, јавнота дебата и граѓанска партиципација во општеството, да ги промовира демократските вредности, да се залага за слободата на изразување и слободата на говорот.
<br />
<b>Основни функкции</b>
* Информативна функција - Главна функција на пишуваните и електронските медиумите, при која информациите се однесуваат на на јавни , заеднички, интересни и актуелни теми во која било област од општествениот живот .
* Функцијата за формирање мислења - Медиумите не само да ги достават информации,туку се случува тие информации да бидат коментирани и интерпретирани,нудејќи на публиката различни начини за разбирање на пораката. На овој начин, медиумите им помога на граѓаните да се ориентираат во општеството.
* Функција на општествено дејствување - Медиумите влијаат во насока на општествена дејствување, каде што може да доделите различен статус на одредени лица, организации или социјални движења. Медиумите поставуваат приоритети, можат да го свртат вниманието на јавноста, но влијаат и на угледот, авторитет и влијанието во јавноста.
<b>Социјални функции</b>
Овие функции може да бидат рекреативни, интегративни и интерактивни. Медиумите имаат општествени функции, кои се појавуваат како фактор во социјализацијата на луѓето и во образованието . Постојана изложеност на медиумите, појавата на "инделни модели" на однесување, како и вклучување општествено важни луѓе во нив, влијае на социјализација и овозможува да се биде во чекор со времето и настаните. Медиуми овозможува на јавноста да се развие чувство на припадност кон одредена средина или заедница и воспоставување на контакт и комуникација. Не смее да се запостави и рекреативната и забавна функција на медиумите што се одразува во релаксација, рекреација и бегство од стресот и динамичното секојдневие. Но научниците предупредуваат дека медиумите имаат негативно влијание и да придонесат до пасивност , наместо активно да се учествува во социјалниот живот и исто така имаат вначително влијание врз преносот на агресија и насилство во реалниот свет.
</br><b>Општествени функции</b>
Во демократските општества, функција на медиумите е да обезбеди простор за јавноста да ги изнесе различните мислења, ставови, потреби и интереси, со цел да предизвика јавна дебата. Масовните медиуми овозможуваат комуникација меѓу сите социо-политички лица, како што е владата, парламентот, политичките партии, економските фактори и на пошироката јавност.
 
=== Комуникација преку Медиуми ===
 
Медиум е комуникациски систем заснован врз одреден технолошки уред кој емитува пораки до публиката (согласно со ова медиум е радиото засновано врз технолошкиот уред радио апарат, телевизијата со ТВ приемникот, телефонот со телефонскиот апарат, но и книгата, весникот, факсот, телеграфот, компјутерот, I-pod, и.т.н..Старите медиуми преоѓаат во нови и поефикасни,социјални медиуми,кои полека но сигурно го менуваат светот.
<br />
 
Во современото општество јавното комуницирање се одвива со посредство на медиумите. Притоа медиумите не дејствуваат само како неутрални пренесувачи на пораките од немедиумските комуникатори до нивната публика, туку и како релативно самостојни фактори на јавното комуницирање кои, преку сопствениот субјективитет и кодовите на својот симболички јазик, битно влијаат и на неговиот тек и постигнувања. Оттука, бидејќи јавноста е нормативно воспоставена како механизам на комуникациска самодејственост на публиката и која како таква ги одредува условите и целта на комуникциското дејствување на медиумите, согласно, задача на медиумите е да ја опслужуваат публиката со одговарачки информации и да овозможат слободно истражување на мислењето за работи од општ интерес.
 
Но, со текот на времето јавноста доживеа длабоки промени, што на извесен начин ги промени и условите на дејствување на медиумите. Денес, во современото масовно општество, јавноста се повеќе функционира како отворен комуникациски простор во кој професионалните комуникатори преку медиумите настојуваат да ја придобијат нејзината публика за своите посебни интереси и цели.
 
== Надворешни врски ==