Албанско востание (1912): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Во јули 1908 година во Отоманската империја започнала Младотурската револуција. Како последица на тоа во Албанија даноците се зголемиле а Албанците продолжиле да се регрутираат во османлиската армија, а цивилното население било разоружано. Во 1910 година започнале серија од востанија кои не завршувале со успех. Во јануари 1912 година Хасан Приштина и Исмаил Кемал започнале подготовка за ново востание.
 
== Текот на востанието ==
 
Исмаил Кемал бил одговорен за испорака на 15.000 пушки во Косово преку Црна Гора. Претходно бил низ европските земји каде добил оружје и средства и меѓународна поддршка за востанието. Во исто време тој кординирал со раководството на востаниците преку Британската амбасада во Скопје.
 
Хасан Приштина направил обид да ја привлече Бугарија како сојузник, нудејќи создавање на независна албанско-бугарска држава во Македонија. Во Британскиот конзулат во Скопје се состанил со бугарските претставници. Биртанският конзул ветувал силна поддршка на востанатото на Албанците.
 
Востанието започнало во западниот дел на Косовскиот вилает, на чело на кое застанале Хасан Приштина, Некџиб Драга, Бајрам Цури, Риза Беј и други. Есад Паша Топтан се обврзал да организира востание во централна Албанија и во округот Мирдита. Албанските војници и офицери се повлекле од отоманската армија и се вклучиле во востанието. До август 1912 година востаниците ја зазеле целата територија на Косовскиот вилает (Нови Пазар, Приштина, Скопје и Сиеница), делови од Скадарскиот и Јанинскиот вилает (Елбасан, Лесковик и Коница) и Дебар, дел од Битолскиот вилает.