Отоманско-персиска војна (1578-1590): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
|casualties2=
}}
'''Отоманско-персиската војна''' се водела во периодот од [[1578]] до [[1590]] година меѓу [[Османлиската Империја]] и [[Персија]], двете најголеми сили на Блискиот Исток, за контрола над регионот на Кавказот[[Кавказ]] и [[Касписко Море]]<ref>[http://books.google.com/books?id=MziRd4ddZz4C&pg=PA352 ''The Encyclopedia of world history'' Peter N. Stearns, p.352]</ref>. Воените дејствија биле предводени од страна на [[Мохамед Ходабанда]] и [[Абас I]] кај Персијците и [[Мурат III]] кај Османлиите.
 
Конфликтот започнал од страна на Османлиите чија цел била зазимање на [[Азербејџан]] и [[Кавказ]]. Војната продолжува неколку години при кое Отоманската империја ги зазела [[Тифлис]] во 1578 година, Карс и Тебриз во 1585 година а како резултат на војната [[Грузија]] станала вазал на Османлиската империја<ref>[http://books.google.com/books?id=LsAGIZLZcRUC&pg=PA194 ''Islam'' by Gerhard Endress, p.194]</ref>. Оваа победа го отворила патот на империјата кон Азербејџан, Кавказ и Касписко Море.<ref name="Stearns, p.352">Stearns, p.352</ref>
 
На [[21 март]] [[1590]] година бил склучен мировен договор, според кој Персија ги признала османлиските освојувања. Таа се обврзила да ја прекине шиитската пропаганда на територијата на Османлиската империја и истовремено да престане со гонењето на сунитите на сопствена територија<ref name="Stearns, p.352"/>.
 
Отоманско-персиската војна привремено ги дислоцирала османските интереси во друга насока. Во овие години Отоманската империја била сојузник на Франција во [[Осумдесетгодишна војна|Осумдесетгодишната војна]]. Овој факт е интересен од гледна точка на создадените односи меѓу протестантизмот и исламот.
Ред 40:
 
По неколку месеци Коџа Синан бил разрешен од функцијата и на негово место бил назначен вториот везир, Сијавуш паша. Кога тој станал голем везир Отоманската империја се обидела да го заземе Кавказ трајно. Биле создадени четири провинции и биле изградени голем број на тврдини.
== Наводи ==
{{наводи}}